GNU/Linux основни команди: Разлика помеѓу преработките
(→cp) |
с (3 ревизии: initial) |
(нема разлика)
|
Последна преработка од 17:29, 29 јануари 2011
За сите оние кои што имаат чуство дека се изгубени кога ќе се најдат во GNU/Linux конзолата, се потрудивме да преведеме еден документ со неколку основни наредби. Сигурно ќе ви се најдат во секојдневната употреба на вашиот GNU/Linux. Бујрум за сите тазе Linuxаши.
pwd
Print Working Directory - наредбата ви покажува во кој директориум се наоѓате моментално. Значи се наоѓаме во /root директориумот
- pwd
/root
whoami
Koј сум јас? - наредбата го печати на екран вашето корисничко име под кое сте најавени. Моментално сме најавени како root.
- whoami
root
cd
Change Directory - наредбата служи за менување на активните директориуми. Со следново го активираме директориумот корен (на највисоко ниво) во хиерархијата. (Root директориум)
- cd /
ls
наредбата ls (list) ги листа сите датотеки во тековниот директориум. Исто како наредбата dir во DOS.
- ls
C bin boot dev etc home lib lost+found mnt opt proc root sbin tmp usr var
Го активираме mnt директориумот
- cd mnt
Тука се наоѓаат два директориуми
- ls
cdrom floppy
".." го претставува директориумот над тековниот во хиерархијата (анг. parent directory) т.е. за еден директориум над тековниот. Во овој случај cd .. не враќа во / директориумот.
- cd ..
-al опцијата на [ls] ни дава повеќе информации за датотеките и директориумите (тип, големина, сопственик, време на последната измена, дозволи). Со следната наредба прикажани се повеќе информации за датотеките и директориумите во "/" директориумот.
- ls -al
total 239 drwxr-xr-x 19 root root 4096 Dec 23 22:29 . drwxr-xr-x 19 root root 4096 Dec 23 22:29 .. ..итн.
Потоа да се вратиме назад во /mnt директориумот
- cd /mnt
touch
touch наредбата, меѓу другото може да креира празна датотека. Ја креираме primer.txt датотеката:
- touch primer.txt
Потоа поверуваме дали сме успеале:
- ls
cdrom floppy primer.txt
cp
cp (Copy) наредбата врши копирање на една датотека во друга . Да направиме копија од primer.txt:
- cp primer.txt primer2.txt
Ако сакаме да копираме фолдер, треба рекурзивно да пристапиме до него, пр:
- cp -rf folder/ /usr/local/
Ова ќе го ископира директориумот folder во /usr/local/ и целата негова содржина (пр. folder/podfolder).
Сега ја имаме и новостворената датотека primer2.txt
- ls
cdrom floppy primer.txt primer2.txt
ln
ln (link) само ја поврзува датотеката со креирана врска во одреден ден од датотечниот систем. Пример:
- ln -s /home/user/firefox/firefox /usr/bin
Ако претходно постои врска или извршна датотека во /usr/bin/ со истото име, мора да ја избршите па да ја креирате новата.
rm
rm (Remove) наредбата брише датотека. Да ја избришеме primer2.txt датотеката:
- rm primer2.txt
rm: remove `primer2.txt'? y
Да провериме дали успешно сме ја одстраниле:
- ls
cdrom floppy primer.txt
mkdir
Make Directory - наредбата креира нов директориум. Да креираме директориум под името "dir"
- mkdir dir
Проверка дали постои:
- ls
cdrom dir floppy primer.txt
rmdir
rmdir наредбата соодветно брише директориум. Го отстрануваме директориумот "dir" од претходниот пример:
- rmdir dir
Mала проверка дали е успешна операцијата:
- ls
cdrom floppy primer.txt
Повторно го креираме:
- mkdir dir
mv
mv наредбата преместува една датотека од едно место на друго. Да ја преместиме "primer.txt" датотеката од /mnt директориумот во /mnt/dir
- mv primer.txt dir/
Сега веќе ја нема во /mnt
- ls
cdrom dir floppy
Го менуваме активниот директориум:
- cd dir
Сега "primer.txt" е во dir директориумот
- ls
primer.txt
Се враќаме за еден директориум погоре во хиерархијат т.е. во /mnt директориумот
- cd ..
Еве не назад:
- ls
cdrom dir floppy
Внимание: rmdir наредбата работи само ако директориумот е празен:
- rmdir dir
rmdir: dir: Directory not empty
-rf опцијата на rm наредбата го брише соодветниот директориум и кога во истиот постојат други датотеки:
- rm -rf dir
ВНИМАВАЈТЕ: rm -rf наредбата не ве предупредува за ништо, можете дури и да го избришете целиот / директориум. Употребувајте ја со внимание. Потврдуваме дека го нема dir директориумот:
- ls
cdrom floppy
date
date наредбата ви го прикажува моменталното време:
- date
Sat Dec 23 22:40:48 CST 2000
tar
Tape Archive - наредбата со -c (create), -z (компресирај со gzip програмот) и -f (file) опцијата прави backup на директориумот, го компресира и пакува во датотетка. Опцијата -v (verbose) ни го прикажува напредокот. Ова ќе го направиме со dir директориумот :
Повторно го креираме dir директориумот и во него ставаме 5 датотеки:
- mkdir dir
- cd dir
- touch file file1 file2 file3 file4
Проверуваме дека сме успеале:
- ls
file file1 file2 file3 file4
Се враќаме во /mnt директориумот
- cd ..
- ls
cdrom dir floppy
- tar -cvzf dir.tar.gz dir
dir/ dir/file dir/file1 dir/file2 dir/file3 dir/file4
Сега имаме уште една датотека под името "dir.tar.gz":
- ls
cdrom dir dir.tar.gz floppy
Го бришеме dir директориумот:
- rm -rf dir
- ls
cdrom dir.tar.gz floppy
-x (extract) опцијата има спротивен ефект од -c опцијата. Да ја отпакуваме dir.tar.gz датотеката:
- tar -xvzf dir.tar.gz
Kако што се приметува, прикажан е и напредокот: dir/ dir/file dir/file1 dir/file2 dir/file3 dir/file4
Повторно го имаме dir директориумот:
- ls
cdrom dir dir.tar.gz floppy
- e таканаречениот "wild card". Следнава наредба ќе ги избрише сите директориуми и датотеки во тековниот директориум што почнуваат со dir:
- rm -rf dir *
Со ова ги избришавме dir директориумот и dir.tar.gz датотеката:
- ls
cdrom floppy
cd
cd наредбата без параметар, не враќа во home директориумот. Бидејќи сме најавени како root корисник, ќе не врати во /root
- cd
mount
mount служи за користење на CD ROM-от, Дискетни единици и останати периферни уреди за складирање податоци. Пред да почнеме со користењето на дискетната единица, мора логички да ја закачиме. Овој процес се нарекува "маунтирање" (анг. mounting, за жал немаме соодветен македонски збор). Значи мора да ја маунтираме дискетната единица. / dev/fd0 е ознака за дискетната единица. Ја маунтираме дискетната единица на /mnt/floppy директориумот (може кој било друг празен директориум).
- mount /dev/fd0 /mnt/floppy/
Кога ќе работиме со тој директориум ги имаме сите датотеки од дискот кој е моментално во дискетната единица.
- cd /mnt/floppy
- ls
readme.txt cpqm.cat cpqmhgy.cat csacpl.cp_ dpal.vx_ hcfapi.dl_ hcfcsa32.dl_ cpqb0ff.cty cpqm.inf cpqmhgy.inf disk.id hc.exe hcfcsa.dl_ hcfpnp.vx_
umount
umount има спротивен ефект од mount наредбата. Одкога ќе завршиме со работа со дискетата, пред да ја извадиме од дискетната единица ја користиме umount наредбата:
- umount /dev/fd0
Ах, добивме грешка, ова е затоа што не може да се одмонтира (unmount) уред, додека се работи во директориумот на кој е монтиран.
umount: /mnt/floppy: device is busy
Излегуваме од директориумот и го одмонтираме:
- cd
- umount /dev/fd0
Сега веќе нема ништо во /mnt/floppy:
* cd /mnt/floppy
- ls
Mount наредбата, без никакви опции, ни кажува кои се уреди се закачени во системот:
- mount
- /dev/hda9 on / type ext2 (rw)
- none on /proc type proc (rw)
- usbdevfs on /proc/bus/usb type usbdevfs (rw)
- /dev/hda1 on /boot type ext2 (rw)
- /dev/hda6 on /home type ext2 (rw)
- /dev/hda8 on /tmp type ext2 (rw)
- /dev/hda5 on /usr type ext2 (rw)
- /dev/hda7 on /var type ext2 (rw)
- none on /dev/pts type devpts (rw,gid=5,mode=620)
- /dev/hda4 on /C type vfat (rw)
Да пробаме да го маунтираме CD ROM-от:
- mount /dev/hdb /mnt/cdrom
Добиваме грешка бидејќи /dev/hdb не постои.
//mount: /dev/hdb is not a valid block device//
CD ROM-от e пријавен под hdc.
- mount /dev/hdc /mnt/cdrom
mount: block device /dev/hdc is write-protected, mounting read-only
* cd /mnt/cdrom
- ls
COPYING.TXT ChangeLog INSTALL GNU/Linux README.SOURCE RELNOTES COPYINGLIB.TXT Changelog.txt INSTALL.TXT README README.TXT RELNOTES.TXT
- cd
- umount /dev/hdc
eject
Наредбата го исфрла цд-то надвор, т.е. го отвара ЦД-РОМ-от:
- eject
Продолжуваме во /home директориумот:
- cd /home
Овој директориум ги содржи директориумите на сите корисници:
- ls
courier goran lost+found mysql netsaint
useradd
Оваа наредба додава нов корисник во вашиот Linux систем:
- useradd test
Сега постои и директориум за новиот корисник:
- ls
courier goran lost+found mysql netsaint test
Поставуваме нова лозинка за test корисникот:
passwd
- passwd test
Changing password for user test New UNIX password: BAD PASSWORD: it is too short Retype new UNIX password: passwd: all authentication tokens updated successfully
su
Switch User наредбата служи за промена на активниот (пренајавување) корисник. Доколку од root се пренајавуваме како било кој друг корисник, не ви треба лозинка.. Доколку од обичен корисник пренајаувате во root или едноставно го менуваме корисникот, лозинката е неминовна. Се пренајавуваме како test корисникот.
- su test
знакот $ значи дека сме обичен корисник. Преминуваме во сопствениот (home) директориумот на корисникот, т.е. во /home/test
- cd
- ls
Desktop
Го враќаме активниот корисник во неговата сметка.
$ exit
--help
--help ни дава повеќе информации за наредбите:
- mkdir --help
Usage: mkdir [OPTION] DIRECTORY... Create the DIRECTORY(ies), if they do not already exist. ..итн.
whereis
whereis наредбата ни ја дава локацијата на приложениот параметар во системот:
- whereis rmdir
rmdir: /bin/rmdir
find
find наредбата исто така ни помага да најдеме датотеки или директориуми:
- find / -name "cdrecord" -print
/usr/bin/cdrecord
locate
locate ја врши истата работа, со тоа што прво мораме да створиме база на податоци за пребарување со updatedb наредбата:
- updatedb
- locate finger
/usr/bin/finger /usr/bin/kfinger /usr/sbin/safe_finger
uname
Листа информации во врска со тековниот кернел, неговата верзија, името на хостот на тековниот компјутер и сл.
- uname -rs
GNU/Linux 2.6.16.14
ifconfig
ifconfig наредбата ни ги прикажува конфигурациите на мрежните интерфејси. Овде ги гледаме loopback (127.0.0.1) и eth0 (ethernet card) со адреса: 192.168.4.1
- ifconfig
eth0 Link encap:Ethernet HWaddr 00:20:78:11:BA:7B
inet addr:192.168.4.1 Bcast:192.168.4.255 Mask:255.255.255.0 UP BROADCAST RUNNING MULTICAST MTU:1500 Metric:1 RX packets:44 errors:0 dropped:0 overruns:0 frame:0 TX packets:46 errors:1 dropped:0 overruns:1 carrier:0 collisions:0 txqueuelen:100 Interrupt:11 Base address:0xc000
lo Link encap:Local Loopback
inet addr:127.0.0.1 Mask:255.0.0.0 UP LOOPBACK RUNNING MTU:3924 Metric:1 RX packets:258 errors:0 dropped:0 overruns:0 frame:0 TX packets:258 errors:0 dropped:0 overruns:0 carrier:0 collisions:0 txqueuelen:0
cal
Ни прикажува календар за овој месец:
- cal
December 2000
Su Mo Tu We Th Fr Sa 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31
Aко на пример ни треба март 1976:
- cal 3 1976
March 1976 Su Mo Tu We Th Fr Sa 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31