HTML: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
с (4 ревизии: initial)
 
(Не се прикажани 2 меѓувремени преработки од истиот корисник)
Ред 25: Ред 25:
<img src="http://wiki.lugola.net/images/1/18/Tux_original.png">
<img src="http://wiki.lugola.net/images/1/18/Tux_original.png">
</pre>
</pre>
src во случајот кажува која е локацијата (изворот) на сликата која сакаме да ја прикажеме.
src во случајот кажува која е локацијата (изворот) на сликата која сакаме да ја прикажеме. Еве го резултатот:
 
[[Слика:Tux_original.png]]


Повеќе примери, па можеби и цело упатство за работа со HTML, треба да следува за скоро на ова Вики.
Повеќе примери, па можеби и цело упатство за работа со HTML, треба да следува за скоро на ова Вики.

Последна преработка од 17:29, 29 јануари 2011

HTML, скратено од Hypertext Markup Language, е предоминантен маркап јазик за создавање на веб страни. Овозможува средства за опис на структурата на текстуално-базирани информации во документ, преку обележување на делови од текстот како заглавја, параграфи, листи итн. како и дополнување на текстот со интерактивни форми, вградени слики и други објекти. HTML е напишан во форма на ознаки (наречени тагови/лепенки), опкружени со знакот „помало од“ (<) и „поголемо од“ (>). HTML може да служи за опис, до некој степен, на изгледот и семантиката на документи, и може да вклучува вграден јазик за скриптирање кој ќе повлијае врз однесувањето на прелистувачите и други HTML обработувачи.

HTML исто така често се поврзува со содржината на MIME типот text/html, па дури и пошироко, како генерички поим за HTML, без разлика дали се работи за XML проширувањето на HTML (како XHTML 1.0 и сл.) или како наследник на SGML.

Дефинирање на HTML

HTML стои за Hypertext Markup Language.

  1. Hypertext е обичен текст кои е опремен со дополнителни можности, како форматирање, слики, мултимедија и врски до други документи.
  2. Маркап е процес на земање обичен текст и додавање дополнителни симболи. Секој симбол употребен за маркап во HTML е команда која му кажува на прелистувачот како да го прикажи текстот.

HTML код, пример

Еве како можете да направите едноставна врска кон сајтот на Лугола (www.lugola.net) со користење на HTML тагови:

<a href="http://www.lugola.net">Официјален сајт на Лугола</a>

По што, ако кодот е сместен во .html/.htm датотека и отворен во прелистувач, треба да се појави:

Официјален сајт на Лугола

Или пак, прикажување на слика, ќе ја земеме сликата Tux_original.png од ова Вики и ќе ја прикажеме со користење на посебен таг, наречен <img>:

<img src="http://wiki.lugola.net/images/1/18/Tux_original.png">

src во случајот кажува која е локацијата (изворот) на сликата која сакаме да ја прикажеме. Еве го резултатот:

Tux original.png

Повеќе примери, па можеби и цело упатство за работа со HTML, треба да следува за скоро на ова Вики.

Структура на HTML датотека

Најпростата структура на една HTML датотека, која ќе даде празен приказ во прелистувачот е:

<html>
  <head>
    <title></title>
    <meta content="">
    <style></style>
  </head>
  <body></body>
</html>