VendorLockInMakedonija: Разлика помеѓу преработките
(Не е прикажана една меѓувремена преработка од истиот корисник) | |||
Ред 13: | Ред 13: | ||
Во врска со овој софтвер Слободен софтвер Македонија веќе се обрати до [http://slobodensoftver.org.mk/vesti/soopstenie_fpiom надлежните институции] уште во 2005 години, но оттаму до сега нема никаков одговор. | Во врска со овој софтвер Слободен софтвер Македонија веќе се обрати до [http://slobodensoftver.org.mk/vesti/soopstenie_fpiom надлежните институции] уште во 2005 години, но оттаму до сега нема никаков одговор. | ||
=== УЈП e-tax === | |||
Заглавен на Java 7 plugin. Не работи со нови верзии на Java. | |||
=== ЦРМ формулари за завршна сметка === | === ЦРМ формулари за завршна сметка === | ||
Ред 38: | Ред 42: | ||
=== Дигитални сертификати од КИБС === | === Дигитални сертификати од КИБС === | ||
[https://www.kibstrust.mk/support/pomosmk.aspx Поддржани се само Windows оперативни системи со Firefox или IE]. IE повеќе од (дек. 2016) не се произведува. Google Chrome не е поддржан. | |||
=== Службен весник на РМ === | === Службен весник на РМ === |
Последна преработка од 23:27, 12 февруари 2017
За оваа страница
Оваа страница ги бележи познатите случаи во Македонија каде во однос на користењето на ИКТ постои зависност од еден понудувач (или на англиски Vendor Lock-in).
Проблемот со зависноста од еден понудувач
Познати случаи во јавниот сектор
УЈП софтвер за интегрирана наплата на придонеси
Управа за јавни приходи, а претходно Фондот за ПИОМ снабдуваа софтвер за пресметка на платите и придонесите. Вавкиот начин за пресметка е задолжителен за сите компании во Македонија. Нивниот „Систем за интегрирана наплата на социјалните придонеси и персонален данок“ има клиентски дел што се инсталира кај крајните корисници што исклучиво бара понов Windows со .NET framework и привилегии да се инсталираат некои сертификати во самиот Windows.
Во врска со овој софтвер Слободен софтвер Македонија веќе се обрати до надлежните институции уште во 2005 години, но оттаму до сега нема никаков одговор.
УЈП e-tax
Заглавен на Java 7 plugin. Не работи со нови верзии на Java.
ЦРМ формулари за завршна сметка
Поднесувањето на годишна сметка во Централниот реситар на РМ е возможно исклучив со користење на оперативен систем на Microsoft и канцелариски пакет MS Office:
MS Office 2003 за обработка на Excel документите При обработка на Excel документите, Ви препорачуваме да не користите MS Office 2007. Доколку сепак се одлучите за MS Office 2007, Ве молиме внимателно да го прочитате упатството за користење на Excel документите со MS Office 2007 (упатството е на истата страна кај Excel примероците).
Интернет пребарувач - Internet Explorer Internet Explorer пребарувачот (било која публикувана верзија) е единствен пребарувач за кој ви гарантираме дека можете успешно да ја користите апликацијата за on-line поднесување на годишна сметка. Доколку во моментот сте пристапиле на апликацијата со било кој друг пребарувач, Ве молиме да продолжите со најавување во Internet Explorer.
Инсталација на ReCryptoAPI библиотеката На истиот персонален компјутер на кој е инсталиран дигиталниот сертификат, треба да се инсталира и ReCryptoAPI библиотеката.
Регистрационен агент во ЦРМ
Системот работи само на Windows (IE и Firefox прелистувачи). Не работи со Google Chrome. Работи само со специфична верзија на Firefox - 41.02 надворешна врска. Firefox е до верзија 51 во февруари 2017. IE е дисконтинуиран производ.
Дигитални сертификати од КИБС
Поддржани се само Windows оперативни системи со Firefox или IE. IE повеќе од (дек. 2016) не се произведува. Google Chrome не е поддржан.
Службен весник на РМ
Сајтот на Службен Весник во делот за претплатени корисници бара најмалку Internet Explorer 7 за да се инсталираат некои клиентски сертификати под Windows-от. Значи покрај точно барана верзија на IE потребно е да се и точно барана верзија на Windows.
Комуникација со ЦДХВ
Целата комуникација со Централниот депозитар за хартиии од вредност се одвива со MS Word и MS Excel датотеки кои содржат некои макроа кои Опен Офис нема шанси да ги отвори како што треба (или се е изместено или воопшто не ги отвара).
Формулари од МРТ
Формуларите достапни на http://mrt.com.mk/mk/info/radiodifuzna_taksa.aspx сите се во .doc формат.
Клиентски софтвер што го користат лекарите
.... ?
Електронска здравствена картичка
Според (ограничените) информации што се достапни, софтверот што треба да го користат лекарите во Македонија работи само на оперативни системи на Microsoft, и тоа не на сите оперативни системи направени од овој производител. Како доказа еве слика од страницата на Фонд за здравствено осигурување на Македонија.
http://novica.softver.org.mk/node/663