Идејник/2с.мк Иднината е сега: Разлика помеѓу преработките
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 8: | Ред 8: | ||
[[Корисник:Новица|Новица]] 08:56, 5 јуни 2010 (UTC) | [[Корисник:Новица|Новица]] 08:56, 5 јуни 2010 (UTC) | ||
[[Категорија:Реформа:2010]] |
Преработка од 15:39, 11 јуни 2010
Зошто овој предлог
- Ако ја замислиме организацијата како пушка, тогаш најлесен начин да ја опишеме состојбата е „сите сакаат да пукаат, никој не сака да ја чисти“. Оваа состојба е неодржлива и создава конфликти. Идејата дека луѓето прават само тоша што сакаат е во најмала рака наивна, но секако и навредлива. Во функционирањето на една организација има работи што мора да се прават, сакале ние или не. Тие работи чинат пари или соодветна компензација во време и понекогаш гордост.
- Значи го пишувам ова за да кажам дека за мене е сѐ повеќе неприфатливо јас да бидам дел од таква состојба, посебно кога чувствувам дека чистењето сѐ некако паѓа на мој грб (на пр. не одам на ТВ или радио дека сакам такво нешто - да сакав медиумско експонирање ќе станев новинар). Најлесно е човек да се откаже, но пред да го направамт тоа ќе го дадам и мојот предлог за (скромна) реформа.
- Бидејќи дилемата е време или пари членовите мора да одлучат, прво секој за себе, а потоа и колективно што ќе даваат во 2с.мк. Неприфатливо е страниците на организацијата како http://www.slobodensoftver.org.mk/za_sloboden_softver_makedonija да стојат неажурирани месеци или години или да нема кој да напише најава за СподелиЗнаење - да не зборуваме за работи што содржат хартија и администрација.
- Затоа сметам дека е потребна посеопфатна примена на членот 10: „Нови членови се примаат кога здружението има потреба од лица кои ќе вршат некоја специфична функција или работа.“ Секој што не може да прифати одредена активност (настрана од тие што се определени со статут) за траење не помало од 1 година оди во почесни членови. Под „прифати“ мислам тој член да прави или да плати некому друг да прави одредена активност. Немам дефинитивна листа на вакви активности, но 5-6 сигурно лесно ќе ги скицнеме ако дојдеме до таа точка. Ако ова ги сведе потенцијалните членови на бројка помала од 5 тога, немаме законски основ да постоиме како правно лице - и ќе ја изгасиме организацијата во првата наредна прилика (31.12.2010).
- Ако останат повеќе од четворица, тогаш сите други @ss.org.mk адреси се гасат заедно со друпал сметките (не дека некој ги користи нив па сега), mksoftver се гаси. bugs.softver.org.mk се прави пофункционален и таму се поставува основниот скелет за функционирањето на организацијата со сите задачи што треба да с еправат за функционирањето и со јавни информации кој каде како и зошто прави. Ако било која од овие задачи се оддолжува или доцни поради причини кои не може да се оправдаат (пр. болест на човекот што е задолжен) тогаш се прави проценка / конкурс / најмувањеза за замена, а ако тоа не успее се повторува горниот циклус на пребројување и гасење.
Новица 08:56, 5 јуни 2010 (UTC)