Mandriva: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
 
с (32 ревизии: initial)
 
(нема разлика)

Последна преработка од 17:31, 29 јануари 2011

Mandriva Linux 2006

Оперативниот систем GNU/Linux е слободен софтвер, издаден под GNU GPL лиценца. Тоа значи дека може слободно да се инсталира, користи, проучува, усовршува, дистрибуира...

GNU/Linux, заедно со голем број програми за најразлични намени, со едно име се нарекува дистрибуција на GNU/Linux. Најпознати и најчесто користени дистрибуции на GNU/Linux се RedHat, SuSE Linux, Mandriva Linux и др. Деловите потребни за инсталација и извршување на оперативниот систем и програмите, можат слободно да се преземат од Интернет или да се набават на некој носител на податоци, на пример CD или DVD. Денес дистибуциите на GNU/Linux, најчесто се испорачуваат на неколку CD-a или поретко на еден DVD. Процесот на инсталирање е многу едноствна процедура поделена на неколку чекори. За секој чекор при инсталирањето може да се повика непоходно објаснување за опциите.

Економската состојба во Македонија, како и платежната моќ на граѓаните, од една страна, и цените на комерцијалниот софтвер, од друга страна, логично резултираат со зголемено користење на слободен софтвер, каков што е оперативниот систем GNU/Linux. Литература на македонски јазик за инсталирање на GNU/Linux нема. Затоа ценам дека упатството се јавува во момент кога може да биде многу корисно. Наменето им е на сите коишто решиле да научат како се инсталира GNU/Linux. Прикажан е типичен пример на инсталирање со сите потребни чекори коишто треба да се преземат.

Пред инсталирање

Пред да се започне со инсталација на GNU/Linux треба да се избере и да се набави некоја од дистрибуциите на GNU/Linux. Во примерите се користи „Mandriva Linux“, но скоро сите современи дистрибуции имаат многу сличен начин на инсталирање.

GNU/Linux, како и сите современи софтверски пакети, постојано се развива и усовршува. Исто така и компаниите коишто произведуваат компјутерски делови, скоро секојдневно на пазарот претставуваат нови усовршени производи. Затоа пред да се набави некој хардверски дел, којшто ќе биде наменет за работа со GNU/Linux, добро е да се провери дали е поддржан од конкретната дистрибуција којашто ќе се инсталира.

За да може врз некој компјутер да се инсталира оперативен систем, неопходно е подигнувањето на компјутерот да се изврши од медиумот на којшто се запишани програмите за инсталација на оперативниот систем. За да се дефинира начинот на којшто ќе се стартува компјутерот, треба да се постави соодветната опција во BIOS-от (Basic Input/Output System).

Поддршка за хардверски делови

Скоро за сите дистрибуции на GNU/Linux карактеристично е тоа што за една година се развиваат по две до три верзии. Тоа е резултат на големиот и брз развој на слободниот софтвер. За секоја дистрибуција постои веб презентација каде што може да се провери дали некој хардверски дел е поддржан. На пример, за да се провери дали некој хардверски дел е поддржан од дистрибуцијата „Mandriva Linux“, може да се провери на оваа веб презентација.

Најчесто, кога една дистрибуција ќе овозможи поддршка за некој хардверски дел, многу брзо и останатите дистрибуции ја добиваат поддршката за тој дел. Во иднина се очекува скоро сите нови хардверски делови и уреди непречено да работат под GNU/Linux. Модемите со софтверска контрола, коишто се наречени софтверски или „вин-модеми“, најчесто не се поддржани од повеќето дистрибуции на GNU/Linux. Се прават напори и ваквите модеми да работат со GNU/Linux, но се препорачува да се набавуваат модеми со хардверска контрола, т. н. хардверски или „лин-модеми“ затоа што ваквите модеми успешно и стабилно работат под GNU/Linux.

Поставувања во BIOS (Basic Input/Output System)

BIOS е чип вграден во матичната плоча. Во него се меморирани програми за контрола на работата на влезно-излезните функции на компјутерот, како што се комуникацијата со хард дискот, печатачот, RAM меморијата, мониторот и сл. При вклучување на компјутерот, контролата прво ја презема BIOS-от. Тој ги иницира основните хардверски делови и го подигнува оперативниот систем. Со една од функциите на BIOS се дефинира од кој уред ќе се подигне компјутерот. Дали тоа ќе биде дискетна единица, тврд диск, CD-ROM или некој друг уред. Современите дистибуции на GNU/Linux најчесто се испорачуваат на CD. Затоа во BIOS треба да се дефинира дека подигнувањето на оперативниот систем треба да биде преку CD-ROM. Постојат повеќе видови BIOS, а за да се изврши промената, веднаш по вклучувањето на компјутерот треба да се притисне копчето „Del“. За некои видови BIOS, наместо копчето „Del“, треба да се притисне некое од копчињата „F2“, „F10“, или „Esc“. За правилно инсталирање на GNU/Linux, во BIOS треба да се исклучи опцијата за автоматско иницирање на хардверските делови, наречена „вклучи и работи“ (plug and play). Со тоа се овозможува, наместо BIOS, GNU/Linux да ги иницира уредите поврзани на компјутерскиот систем. Во различни видови BIOS, оваа опција е наречена PNP OS installed, или Plug'n'Play OS installed.

Следно: Mandriva - инсталација


Вложени се максимални напори за што поквалитетна подготовка на упатството. Авторот не може да се смета одговорен за каква било штета, која евентуално би настанала при користење на оваа содржина, на посреден или непосреден начин.

Надворешни линкови