UTF-8 во KDE: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
с (UTF-8 moved to UTF-8 во KDE)
(нема разлика)

Преработка од 00:12, 22 мај 2007

Кога ќе отворите некоја страна со кирилична содржина можно е да ви се појават нејасни карактери. Тоа значи дека вашиот систем нема поддршка за кириличната кодна табела, ни фонт кој може тоа да го прикаже.

Кирилична тастатура

Прва работа која ќе ја направиме ќе биде подесување на „Распоред на тастатура“. Активирајте Control Center -> Regional & Accessibility -> Keyboard Layout. Чекирајте го Enable keyboard Layouts и од листата подоли селектирајте и додадете македонска тастатура. Кликнете врз Macedonian во десната листа, и нешто подолу, под Layout variant има едно поле кое треба да е чекирано. Include latin layout. Тоа ќе направи кратенки од типот на Ctrl+Д да се однесува исто како и Ctrl+D. Потоа, најлево имате мени Keyboard Shortcuts. Изберете го него. Одете во Shortcut Schemes -> Global shortcuts -> [слезете најдолу] -> Switch to next keyboard layout -> [во Shortcut for selected action кликнете врз Custom] -> тастатурна кратенка која сакате да ја користите. Стандардна е Ctrl+Alt+K. Но тоа е премногу „далеку“, па затоа ви предлагам да користите Ctrl+Space. Alt+Shift нема да може (ова не е Windows, сепак). Apply. На Ctrl+Space (ако тоа го наместивте) во долниот десен ќош треба да се менуваат две знаменца, македонско и американско/британско.

UTF-8 Фонтови

Иако најголем дел од фонтовите под GNU/Linux (стандардните) ќе ви прикажат UTF-8 карактери, некои дистрибуции доаѓаат без такви фонтови. Јас проблемот го решавам со инсталирање на DejaVu Фонтови, вака:

  • симнете ја архивата со фонтовите од овде;
  • одете во Home (на Работната површина (Desktop)) и кликнете врз архивата (најдете каде ја симнавте);
  • селектирајте ги сите TTF фонтови и кликнете врз нив со десното копче од глувчето. Actions -> Install -> Personal fonts. Прелогирајте се во KDE (ctrl+alt+backspace).
  • КМени -> Control Center -> Appereance and themes -> Fonts -> Adjust all fonts и изберете некој од DejaVu фонтовите (јас го користам DejaVu Sans Condensed). Кликнете Apply.

Сега отворете конзола (Alt+F2 -> Konsole). Напишете:

 # sudo kate /etc/profile

Во секој случај /etc/profile треба да се отвори со root привилегии.

Првата команда е исто што и su, со таа разлика што sux ги префрла правата на root да може да се активираат графички апликации преку него. Со втората отворате текст уредувач, и тоа датотеката profile во директориумот /etc (види [на датотечниот систем]). Најдолу во датотеката додадете:

 export LANG=mk_MK.UTF-8

Сега може пак да се прелогирате со Ctrl+Alt+Backspace.

UTF-8 за IRC

Ако користите IRC, тогаш може да не најдете на irc.freenode.org на каналот #lugola. Разговорите најчесто таму се одвиваат на македонски јазик со кирилично писмо. За сето тоа да го читате, потребно ви е да наместите UTF-8 поддршка на вашиот клиент.

XChat UTF-8

Пуштете го XChat. Одете во менито XChat -> Server list -> [изберете сервер, undernet или freenode] -> Edit. Ќе се појави прозорец во кој ќе имате и поле за избор на кодна табела, изберете UTF-8:

Xchat utf.png

Konversation UTF-8

Пуштете го Konversation. Одете во менито Settings -> Identities -> Advanced -> Encoding (избрете UTF-8):

Konvi utf.png