Значење на зборот Хакер: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
(Иницијален внес на оригиналниот текст од Илин)
 
сНема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
= Значење на зборот „Хакер“ =
April 2004 (http://www.paulgraham.com/gba.html)
April 2004 (http://www.paulgraham.com/gba.html)



Преработка од 11:10, 27 мај 2010

April 2004 (http://www.paulgraham.com/gba.html)

За пошироката јавност терминот „хакер“ означува некој што пробива компјутери. Во програмерските кругови „хакер“ означува добар програмер. Овие две значења се поврзани. За програмерите „хакер“ значи мајстворсво во најбуквалната смисла: некој што може да го натера компјутерот да прави тоа што тој сака - без разлика дали компјутерот го сака тоа или не.

Да се зголеми забуната именката „хакирање“ исто така има две значења. Може да биде комплимент или навреда. Се вика хакирање кога ќе се направи нешто на неелегантен начин. Но кога ќе направиш нешто на интелигентен начин за некако да го победиш системот, тоа исто така се вика „хакирање“. Терминот се користи почесто во првата смисла, веројатно затоа што неелегантните решенија се многу почести од генијалните.

Верувале или не, двете значења на зборот „хакирање“ се исто така поврзани. Неелегантните и креативните решенија имаат нешто заедничко: ги прекршуваат правилата.

Хакирањето ги предходи компјутерите. Додека работел на проектот Менхетен, Ричард Фејнман се занимавал со пробивање во сефови кои содржеле тајни документи. Оваа традиција продолжува и денеска. Кога бевме на постдипломски студии, еден пријател хакер кој поминуваше премногу време во MIT имаше свој личен сет за отворање на брави (моментално води хеџ фонд, не баш неповрзана корпорација).

Некогаш е тешко да се објасни на властите зошто би сакале да ги прави овие работи. Друг мој пријател еднаш имаше проблеми со власта поради пробивање во компјутери. Ова од неодавна е декларирано како криминал и ФБИ увидоа дека нивните вообичаени истражни постапки не функционираат. Полициската истрага очигледно започнува со мотив. Најчестите мотиви се: дрога, пари, секс, освета. Интелектуалната љубопитност не беше еден од мотивите на листата на FBI. Навистина, целиот концепт им изгледаше непознат.

Тие што се на позиција на авторитет имаат тенденција да бидат вознемирени од општиот хакерски став на непослушност. Но оваа непослушност е нуспродукт од квалитетите што ги прават добри програмери. Тие можеби се потсмеваат на директорот за генеричките корпоративни говори, но тие се постсмеваат исто така и на некој кој им кажува дека некој проблем неможе да се реши. Потисни го едниот , ќе го потиснеш и другиот.

На овој став понекогаш може да му се влијае. Понекогаш младите програмери ги забележуваат ексцентрицизмите на еминентните хакери и одлучуваат да прифатат некои од нив за да изгледаат попаметни. Ваквото симулирање е повеќе од вознемирувачко; ваквиот бодлив став на овие позери всушност го успорува процесот на иновација.

И покрај нивните непријатни ексцентричности, непослушниот став на хакерите е всушност квалитет. Би сакал неговата предност да е подобро разбрана.

На пример, претпоставувам дека луѓето во Холивуд се едноставно мистифицирани од ставот на хакерите во врска со авторските права. Тие се непрекината тема на дискусија на Slashdot. Но зошто треба луѓето кои ги програмираат компјутерите да се загрижени за баш за авторските права?

Делумно бидејќи некои компании користат механизми да го спречат копирањето. Покажи му на некој хакер брава и првата помисла е како да се отвори таа брава. Но има и поголема причина зошто хакерите се загрижени од мерките како авторски права и патенти. Тие гледаат зголемени агресивни мерки за заштита на „интелектуалната сопственост“ како закана за интелектуалната слобода која им е нив потребна за да си ја вршат својата работа. И тие се во право.

Со чепкање во актуелните технологии хакерите добиваат идеи за следната генерација. Не благодарам можеби ќе кажат сопствениците на интелектуалните права, не ни треба надворешна помош. Но ќе погрешат. Новите генерации на компјутерски технологии многу почесто се развиени од аутсајдери.

Во 1977 немаше сомнеж дека некоја група во IBM развива нешто што тие очекуваа дека ќе биде следната генерација на бизнис компјутер. Погрешија. Новата генерација на бизнис компјутери беше развивана на комплетно различни линии од двајца долгокоси момци кои се викаа Стив во гаража во Лос Алтос. Отприлика во исто време, моќниците соработуваа на развојот на официјалната следна генерација на оперативни системи, Multics. Но овие двајца момци сметаа дека Мултикс е премногу комплексен и создадоа свој оперативен систем. Го крстија Unix како шега референцирана на Multics.

Последниот закон за интелектуална сопственост наметна ограничувања без преседан за таквите чепкања кои водат кој нови идеи. Во минатото конкурентот можеше да користи патенти за да те спречи во продавање на копија од нешто што тој го направил, но неможеше да те спречи да го расклопиш за да видиш како работи. Најновите закони го направија тоа расклопување криминал. Како можеме да развиеме нови технологии кога неможе да ги проучуваме постоечките за да разбереме како да ги подобриме?

Иронично, хакерите си го предизвикаа ова самите. Компјутерите се одговорни за проблемот. Контролните системи во машините порано беа механички: запчаници и рачки и сајли. Се почесто, паметот (а со тоа и вредноста) на продуктите е во форма на софтвер. Под ова се подразбира софтвер во општа смисла т.е. податоци. Песна на плоча е физички испечатена на пластиката. Песна на дискот на IPod едноставно е само складирана на него.

Податоците по дефиниција се лесни за копирање. Интернетот овозможува копиите лесно да се дистрибуираат. Според тоа не е ни чудо што компаниите за плашат. Но, како што често е случајот, стравот им го поматува расудувањето. Владата реагираше со драконски закони за заштита на интелектуалната сопственост. Веројатно мислеа добро. Но можеби нема да разберат дека со таквите закони прават повеќе лошо отколку добро.

Зошто програмерите толку жестоко се спротиствавуваат на овие закони? Ако бев законодавец, ќе бев заинтересиран за оваа мистерија - од истата причина поради која, ако бев фармер и одеднаш една вечер слушнав како кокошките галамат во кокошарникот, ќе сакав да отидам таму и да видам што се случува. Хакерите не се глупави, а едногласноста е многу ретка во овој свет. Значи ако тие сите галамат, можеби нешто недостасува.

Можно ли е да таквите закони, наменети да ја заштитат Америка, всушност ќе и наштетат? Размислете за ова. Има нешто многу американско кога Фејнман ги пробива сефовите за време на проектот Менхетен. Тешко може да се замисли дека надлежните би имале смисла за хуморе кога тие работи би се случувале во Германија во тоа време. Можеби не е случајност.

Хакерите се непослушни. Тоа е сржта на хакирањето. Исто така е и сржта на американизмот. Не е случајност дека Силиконската Долина се наоѓа во Америка, а не во Франција, или Германија, или Англија, или Јапонија. Во тие земји луѓето бојат во обележаниот простор и не излегуваат од линиите.

Живеев извесно време во Фиренца. Но после неколку месеци сфатив дека тоа што несвесно се надевав дека ќе го најдам се наоѓаше таму од каде што дојдов. Причината зошто Фиренца е позната е дека во 1450, беше Њу Јорк. Во 1450 Фиренца беше полна со турбулентни и амбициозни луѓе што сега се наоѓаат во Америка. (Па се вратив во Америка.)

Америка има предност затоа што има соодветна атмосфера за вистинската непослушност - односно е дом не само за паметните, туку и за smart-alecks. А хакерите се недвосмислено smart-alecks. Ако имаме државен празник, тоа би бил 1ви Април. Кажува многу за нашата работа, фактот дека користиме ист збор и за генијална и катастрофално безвезна ситуација. Кога ќе се најдеме во една таква ситуација не сме секогаш 100% сигурни каква е ситуацијата. Но се додека е доволно погрешна, тоа е добар знак. Чудно е како луѓето мислат дека програмирањето е методично и претцизно. Компјутерите се методични и претцизни. Хакирањето е нешто што се прави со весела насмевка.

Во овој наш свет некои од најкарактеристичните решенија не се имуни на праткични шеги. IBM без сомнеж беше изненаден од последиците од договорот за лиценцирање на DOS, исто како и хипотетичкиот противник веројатно е кога Мајкл Рабин решава проблем редефинирајќи во некој што е полесен за решавање.

Smart-alecks мора да развијат чувство за тоа со колку можат да се извлечат. Во последно време хакерите почуствуваа промена во атмосферата. Во последно време не се гледа добро на хакерството.

За хакерите последното стегање на граѓанските права изгледа особено морничаво. Тоа мора да ги мистифицира и аусајдерите. Зошто мора ние да се грижиме за граѓанските права? Зошто програмерите, повеќе од забарите, продавачите или градинарите?

Дозволете ми да го претставам случајот на начин на кој власта би го ценела. Граѓанските права не се само украс или невообичаена американска традиција. Граѓанските права ги збогатуваат државите. Ако се направи график од БДП и граѓанските права ќе се забележи дефинитивен тренд. Можно ли е граѓанските права да се причината, наместо само ефект? Мислам да. Мислам дека општество во кое луѓето можат да кажат тоа што сакаат исто така ќе се стреми да биде општество во кое најефикасните решенија победуваат, наместо тие спонзорирани од влијателни луѓе. Авторитарните држави стануваат корумпирани; корумпираните држави стануваат сиромашни; сиромашните држави стануваат слаби. Ми изгледа дека важи кривата на Лафер за моќта на владата, како и за даночните приходи. Во најмала рака, изгледа веројатно дека би било глупаво да се експериментира за да се дознае. За разлика од високите даночни стапки, неможеш да го вратиш тоталитаризмот ако излезе дека е грешка.

Заради тоа хакерите за загрижени. Доколку владата ги шпиунира луѓето не значи дека програмерите ќе пишуваат полош код. Евентуално води кон свет во кој лошите идеи победуваат. Поради тоа што ова е толку важно на хакерите, тие се особено осетливи. Можат да го почуствуваат доаѓањето на тоталитаризмот од далечина, исто како и животните го чуствуваат доаѓањето на бура.

Би било иронично ако, како што хакерите се плашат, последните мерки наменети за заштита на националната безбедност и интелектуална сопственост излезе да биде ракета насочена кон тоа што ја прави Америка успешна. Но нема да биде првпат мерки превземени во панична состојба го имаат спротивниот ефект.

Има една работа како Американство. Живеењето во странство најдобро ќе те научи на тоа. И ако сакаш да дознаеш дали нешто ќе го негува или уништи тој квалитет, ќе биде тешко да се најде подобра фокус група од хакерите, затоа што тие се поблиску од која било друга група што јас знам што го претставуваат тој квалитет.

Кога ќе го прочитате она што основачките татковци имале да кажат за себе, тие звучат повеќе како хакери. „Духот на отпорот кон владата“, напишал Џеферсон, „е толку важно во некои ситуации, што јас сакам секогаш да живее“.

Замислете некој американски претседател да го каже тоа денеска. Како забелешките на слободоумна стара баба, зборовите на основачите ги посрамиле генерациите на нивните помалку уверливи/сигурни наследници. Тие не потсетуваат од каде доаѓаме. Тие не потсетуваат дека луѓето кои ги кршат правилата се изворот на американската моќ и богатство.

Тие што се на позиција да ги наметнат правилата природно сакаат тие да се почитуваат. Внимателно што посакувате. Можеби ќе го добиете.