Bilten 02.08: Разлика помеѓу преработките
Ред 9: | Ред 9: | ||
Истовремено ја поздравуваме идејата на Игор Мишевски кој како индивидуалец пројави желба да му се заблагодари на заедницата на слободен софтвер од нашата земја преку донација на опрема, и тоа повеќе-функционален печатач/скенер за потребите на нашата организација. Ги повикуваме сите останати корисници на слободен софтвер да ја поддржат нашата работа преку слични акти. | Истовремено ја поздравуваме идејата на Игор Мишевски кој како индивидуалец пројави желба да му се заблагодари на заедницата на слободен софтвер од нашата земја преку донација на опрема, и тоа повеќе-функционален печатач/скенер за потребите на нашата организација. Ги повикуваме сите останати корисници на слободен софтвер да ја поддржат нашата работа преку слични акти. | ||
== | == Локализација на MoinMoin на македонски == | ||
Слободен софтвер ( Македонија) започна локализација на MoinMoin на македонски, како дел од проект што се реализира во соработка со компанија од ИКТ секторот. Како резултат на тоа на Интернет слободно ќе биде објавен преводот, упатството за употреба и упатството за администрирање на оваа ''Web 2.0'' Интернет апликација за соработка на мрежни заедници. | Слободен софтвер ( Македонија) започна локализација на MoinMoin на македонски, како дел од проект што се реализира во соработка со компанија од ИКТ секторот. Како резултат на тоа на Интернет слободно ќе биде објавен преводот, упатството за употреба и упатството за администрирање на оваа ''Web 2.0'' Интернет апликација за соработка на мрежни заедници. |
Преработка од 23:22, 28 февруари 2008
Нацрт за Билтен за месец февруари 2008
Кампања за берење донации за проектор
Слободен софтвер Македонија, како дел од своите активности во агендата за работа покрај промоцијата на слободен софтвер и целата филозофија зад ова движење и технологија, ја има зацртано и промоцијата на слободна култура. За таа цел минатата година во голема мера беше промовирана и реализирана иницијативата „Сподели Кино“ на која се споделуваат видео материјали со слободна лиценца, најчесто материјали лиценцирани според Creative Commons моделот. За остварувањето на оваа идеја, „Слободен софтвер Македонија“ често позајмуваше опрема од други лица, конкретно видео проектор за користење на настаните „Сподели Кино“ и „Сподели знаење“. Но по првата сезона на иницијативата „Сподели“ настанаа проблеми кои произлегоа поради немањето на проектор за задоволување на потребите на организацијата. Така „Слободен софтвер Македонија“ се одлучи да организира акција за донирање на средства кои ќе бидат наменети за купување на проектор.
Доколку сите кои се потпишаа дека ќе донираат средства за проектор го сторат тоа, буџетот ќе може да го поднесе трошокот за овој уред. Доколку и Вие сакате да донирате средства, тоа можете да го сторите со пополнување на налог за плаќање како што е прикажано на овде.
Истовремено ја поздравуваме идејата на Игор Мишевски кој како индивидуалец пројави желба да му се заблагодари на заедницата на слободен софтвер од нашата земја преку донација на опрема, и тоа повеќе-функционален печатач/скенер за потребите на нашата организација. Ги повикуваме сите останати корисници на слободен софтвер да ја поддржат нашата работа преку слични акти.
Локализација на MoinMoin на македонски
Слободен софтвер ( Македонија) започна локализација на MoinMoin на македонски, како дел од проект што се реализира во соработка со компанија од ИКТ секторот. Како резултат на тоа на Интернет слободно ќе биде објавен преводот, упатството за употреба и упатството за администрирање на оваа Web 2.0 Интернет апликација за соработка на мрежни заедници.
Состаноци на Лугола
Групата на корисници на GNU/Linux од Битола од почетокот на 2008г. претрпе мали измени. Така, овој месец почна повторно да одржува редовни состаноци, секоја недела во 18.00ч. во канцелариите на Лугола. Со тоа се надеваме дека тие корисници кои се нови и кои се интересираат за проблематиките што ги решава Лугола ќе може да ги запознаеме на групен состанок во недела.
Објавено одржување на ДФД
Друго дешавка?
дамјан и миша на тв а1
GNOME 2.22 повторно целосно преведен на македонски
Благодарение на тимот за локализација на GNOME и скромниот придонес од поединци од заедницата, повторно имаме целосно преведен GNOME на македонски јазик. Момелтано преостанува да се долокализира Anjuta врз која што моментално се работи. Доколку има некој друг желба да помогне околу ова нека се пријави кај координаторот на локализацијата на GNOME. Помошта е секогаш добредојдена, а за оваа верзија посебно за тестирањето на преводите.
Македонскиот тим работи и на интегрирање на преводите од GNOME 2.22 во новата верзи ја на Ubuntu Linux (Hardy Heron).