Хаклаб/ДонацииПисмо: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 51: Ред 51:


Се надевам дека ќе најдете разбирање и интерес да ја помогнете оваа иницијатива која значајно ќе го зајакне и подобри функционирањето на Центарот. За повеќе детали околу самата иницијатива, активностите на организацијата и информации околу донацијата, Ви стоиме на располагање.
Се надевам дека ќе најдете разбирање и интерес да ја помогнете оваа иницијатива која значајно ќе го зајакне и подобри функционирањето на Центарот. За повеќе детали околу самата иницијатива, активностите на организацијата и информации околу донацијата, Ви стоиме на располагање.
== Верзија 3 ==
Помогнете му на првиот скопски хаклаб!
Скопскиот хаклаб КИКА има потреба од донации ....

Преработка од 19:44, 12 февруари 2011

Верзија 1

Отворен повик за донации

Хаклабот КИКА претставува првата технолошка автономна зона која се користи за промовирање на слободниот софтвер како и слободната култура во Р. Македонија.

Хаклабот КИКА досега може да се закити со остварени успешни проекти на полето на слободниот софтвер - слободната култура. Во КИКА редовно се организираат настани од типот на Сподели Знаење - секоја сабота, Убунту прва помош - секој понеделник и Програмски јазици - секој четврток.

Овие настани се од отворен карактер, и секој со желба да научи нешто ново, да сподели нешто ново или пак да дискутира за некоја од тематиките кои што се разработуваат во текот на овие настани, слободно може да дојде во КИКА.

За успешно функционирање на хаклабот, потребни се финансиски средства со кои се плаќа за кирија, средства за хигиена, средства за одржување на просторот (сепак ништо не е трајно), како и средства за успешно изработување на проектите.

Хаклабот КИКА се одржува во живот од донации на средства од луѓето кои што сакаат КИКА да продолжи да живее.

Потребни ни се донации! Со вашата помош ќе може да направиме многу кул работи, да направиме многу интересни проекти, да направиме сајлонец за доминација на светот како и многу останати работи.

Како може да помогнете, на два начини :

  • Финансиска помош, да ни донирате финансиски средства за остварување на

горенаведеното, и

  • Хардверска помош, доколку имате опрема, стара/нова електроника и електронски

уреди, компјутери, компјутерски делови и периферија итн, би можеле да ни ја донирате и истата ние би ја искористиле за играње со неа како и за правење на некои интересни проекти со истата.

Што добивате за возврат? Добро чуство и се разбира, тука сме да ви помогнеме (колку што можеме) доколку имате некој проблем од полето на слободниот софтвер.


Доколку сакате да ни помогнете, обратете се кон info ет slobodensoftver.org.mk


Верзија 2

Ви го пишуваме ова писмо со барање за донација на употребувана компјутерска опрема (персонални компјутери, сервери, мрежна опрема и компјутерска галантерија). Опремата ќе биде употребена за одржување на активностите во нашиот јавен простор, наречен КИКА (Центар за информациско комуникациски истражувања и едукација). Центарот е самофинансиран од членовите на граѓанското здружение „Слободен софтвер Македонија“ и сите активности се на волонтерска и некомерцијална основа.

Нашата организација има за цел промовирање на слободниот софтвер и културата на споделување. Во рамките на овие заложби, веќе четири години, нашата организација ги спроведува проектите „Сподели знаење“, Ubuntu прва помош, Програмирање за почетници и „Сподели кино“, во кои се промовира размената на знаењето од областите на најсовремените компјутерски технологии, како и културата на споделувањето. Овие настани се отворени за јавноста и секој може бесплатно да ги посетува.

Постоењето на центарот директно ја подига технолошката писменост и пристап до новите Интернет технологии преку размена на знаење и непосреден контакт со определени целни групи: студенти на технички науки, технолошките ентузијасти, уметници и членови на креативните индустрии и воопшто оние кои ги интересира технологијата, културата и општеството. Подигањето на знаењето за новите интернет технологии преку практична работа и решавање на непосредни конкретни проблеми со кои се судираат дел од учесниците на настаните. Ова во голема мерка го дополнува формалното образование кај студентите, а делува и како општо надополнување на капацитетите кај сите учесници со што општеството има корист стекнувајќи се со кадри кои се технолошки писмени на повисоко ниво. Сето ова резултира во креирање на заедница која е технолошки свесна во поширока смисла, познавајќи ги новите технологии во определена мерка на техничко ниво, но имајќи увид во тоа како тие влијаат и ја менуваат средината во која луѓето живеат. Тоа, во таа смисла овозможува таа заедница да биде иновативна и воедно способна да ги имплементира новите технологии за потребите на деловниот, јавниот или цивилниот сектор.

Се надевам дека ќе најдете разбирање и интерес да ја помогнете оваа иницијатива која значајно ќе го зајакне и подобри функционирањето на Центарот. За повеќе детали околу самата иницијатива, активностите на организацијата и информации околу донацијата, Ви стоиме на располагање.

Верзија 3

Помогнете му на првиот скопски хаклаб!

Скопскиот хаклаб КИКА има потреба од донации ....