Arbeitsbesprechung-20120829: Разлика помеѓу преработките
(Создадена страница со: == MOM - Arbeitafsprehnung - Среда 18.07.2012. == Присутни: Андреј, Игор, Филип, Арангел, Ѓорѓи, Дамјан, ...) |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
== MOM - Arbeitafsprehnung - Среда | == MOM - Arbeitafsprehnung - Среда 29.08.2012. == | ||
Присутни: Андреј, Игор, Филип, Арангел, Ѓорѓи, Дамјан, Њук, Алекс, Миша, Дода, Даме. | Присутни: Андреј, Игор, Филип, Арангел, Ѓорѓи, Дамјан, Њук, Алекс, Миша, Дода, Даме. |
Преработка од 13:38, 30 август 2012
MOM - Arbeitafsprehnung - Среда 29.08.2012.
Присутни: Андреј, Игор, Филип, Арангел, Ѓорѓи, Дамјан, Њук, Алекс, Миша, Дода, Даме.
Дневен ред
1. Дежурни и дежурства (ревидирање на листата за новата сезона, да видиме колку имаме плус/минус луѓе)
2. Клучеви и пристап до хаклабот (бравата е сменета има само два клуча, би требало да се кај Дамјан)
3. Имплементација на системот за пристап со шифра или само RFID привезок?
4. Дефинирање на програмата од предлозите дадени на листа
5. Разно (додајте го вашиот предлог под оваа точка)
6. Потсетник за донации/разгледување на финансиска ситуација
7. Членови?
Белешки по дневниот ред
1. Имаме доволно средства за хаклабот да функционира уште три месеци. Членовите кои се пријавиле дека редовно ќе плаќаат членарина треба да ја плаќаат истата, во последните месеци има застој со плаќањето. Друг начин да се соберат средства е преку штедење или барање донации.
2. „Слободен Софтвер“ ќе аплицира за проекти во наредниот период, но тоа е несигурен и неконстантен приход на пари.
3. Треба да се направи краток и описен извештај за сработените проекти во КИКА. Како урнек може да се искористи извештајот што е пратен за проектот со град Скопје. Извештајот може да се прати по IT фирми како поткрепа за барање на средства.
4. Уште еден начин да се соберат средства за КИКА е секој што има способности кои смета дека би можел да ги „продаде“ (да држи обуки, предавања за некој програм, јазик), тоа да го направи, а притоа заработени пари да ги донира на хаклабот. Миша се понуди да држи NGO related предавања доколку има интерес, Њук треба да проба да најде организации на кои им требаат обуки за Office.
5. Месечни потсетници за плаќање се добра идеја, начинот на кој е напишан последниот потсетник не е во ред. Не треба да се потсетуваат тие што веќе платиле. Една можност е да се смени потсетникот од „потсетник за неплатена членарина“ во „пријателско потсетување дека доаѓа денот за плаќање.“ Процесот на испаќање треба да се автоматизира.
6. Треба да има можност за членство во КИКА без тоа да повлекува задолжително дежурство. Тие што сакаат да плаќаат и со тоа да го поддржуваат хаклабот треба да можат да го прават тоа без додатни обврски. Поседувањето на клуч - од друга страна - ја носи обврската за дежурство.
7. Вратата (а со тоа и бравата) ќе се менуваат за 3 недели од сега. Клучеви ќе се направат откако ќе се смени целиот механизам. Кога ќе стигне вратата ќе се разгледа можноста за инсталирање на систем за отклучување со RFID чипови.
8. Нема конечен заклучок за нови содржини во новата сезона. Секој кој сака / има идеја за воведување на нови содржини кои би можел да ги организира, може слободно да каже, има доволно слободни термини. Ова значи дека останува стариот распоред на официјални настани во КИКА.
9. Треба да се набави апарат за пожар.
Скопје, 29.08.2012