KOffice: Разлика помеѓу преработките
(→Врски) |
(→Врски) |
||
Ред 43: | Ред 43: | ||
==Врски == | ==Врски == | ||
[http://www.koffice.org/ KOffice вебсајтот] | * [http://www.koffice.org/ KOffice вебсајтот] | ||
[http://dot.kde.org/1149518002/ Визијата и целите на KOffice 2.0] | |||
* [http://dot.kde.org/1149518002/ Визијата и целите на KOffice 2.0] | |||
[[Категорија:Апликации]] | [[Категорија:Апликации]] | ||
[[Категорија:KDE]] | [[Категорија:KDE]] |
Преработка од 17:03, 2 август 2007
KOffice е интегриран канцелариски пакет за графичката работна околина KDE. Компонентите на KOffice се направени да работат заедно. Секоја програма во пакетот е компонента што додава додатна функционалност на целината. Може да вградите која било компонента од KOffice во која било друга компонента. Ова е реализирано со помош на објектниот модел KParts од KDE. KOffice, како и KDE, е слободен проект и сите негови компоненти се објавени како слободен софтвер. Последната верзија на KOffice е 1.6.2, објавена на 21 февруари 2007.
KOffice е примарно дизајниран за Уникс-оперативни системи, иако во иднина се очекува да има верзија и за Microsoft Windows.
Апликациите на KOffice го користат отворениот формат OpenDocument како нивен интерен формат секаде каде што е тоа возможно.
Канцеларискиот пакет се издава независно од KDE и може да се симне од страниците на KOffice (http://www.koffice.org).
Компоненти
KOffice ги вклучува следните компоненти:
KWord
Програма за обработка на текст со поддршка за стилови и рамки со што е овозможено уредување на комплексни документи и употреба за издаваштво.
KSpread
Апликација за табеларни пресметки со поддршка за повеќе листови, обрасци и повеќе од 100 математички формули.
KPresenter
Апликација за табеларни пресметки со поддршка за повеќе листови, обрасци и повеќе од 100 математички формули.
Kivio
Програма за цртање блок-дијаграми со можност за програмирање на истите како и динамички вчитливи шаблони. Развиена е од theKompany, која продава додатни (неслободни) шаблони.
Karbon14
Програма за цртање блок-дијаграми со можност за програмирање на истите како и динамички вчитливи шаблони. Развиена е од theKompany, која продава додатни (неслободни) шаблони.
Krita
Порано Krayon и KImageshop. Програма за работа со растерски (бит-мапирани) слики, примарно дизајнирана како програма за сликање со одредени можности за обработка на слики.
Kugar & KChart
Интегрирани генератори на извештаи и графикони.
KFormula
Интегриран уредувач на математилчки формули.
Kexi
Интегрирана апликација за менаџмент на податоци, дизајнирана како пандан на Microsoft Access и FileMaker. Може да се користи за дизајнирање и имплементирање бази со податоци, за вметнување и обработка на податоци и за извршување пребарувања. Има ограничена компатибилност со датотечниот формат на MS Access.
KPlato
Апликација за менаџирање проекти што може да креира Гантови графикони.