Kaffeine: Разлика помеѓу преработките
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето |
(нема разлика)
|
Преработка од 19:14, 19 мај 2007
Kaffeine (се чита „Кофеин“) е напреден мултимедијален плеер за KDE и Unix-одни оперативни системи. Основно тој користи Xine библиотеки за репродуцирање на мултимедијални датотеки, но исто така има подршка и за MPlayer доколку е инсталиран, а од верзија 0.7 има и подршка за Gstreamer и со тоа ги подржува трите најкористени мултимедијални системи за Linux. Поради тоа што ги подржува овие три системи, Kaffeine може да ги репродуцира сите мултимедијални датотеки, иако за затворените и неслободни формати треба да се инсталираат дополнителни кодеци. Kaffeine спаѓа во додатниот пакет на апликации на KDE, а последна стабилна верзија е 0.8.4.
Карактеристики
Kaffeine може да Ви ги понуди сите можности што сите други модерни плеери ги нудат:
- Репродуцирање на мрежен пренос.
- Репродукција на DVD, VCD и аудио дискови, како и енкодирање на аудио дискови.
- Подршка за xine, MPlayer и GStreamer.
- Плејлиста со интегриран пребарувач.
- Снимање на мрежен пренос.
- Подршка за пренос од тв-картичка.
- lirc подршка.