MSOOXML: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ред 49: Ред 49:
'''Зошто Microsoft одби и сѐ уште одбива да учествува во досегашните напори за стандардизација? Зошто тој не ги доставува неговите технолошки предлози до OASIS за да бидат вклучени во ODF?'''
'''Зошто Microsoft одби и сѐ уште одбива да учествува во досегашните напори за стандардизација? Зошто тој не ги доставува неговите технолошки предлози до OASIS за да бидат вклучени во ODF?'''

===Правно безбедно?===
===Законски безбедно?===

Давањето слобода од правно гонење за имплементација на некој стандард на сите конкуренти  е од суштинско значење. Тоа треба да биде јасно, веродостојно и доволно широко да ги опфати сите активности потребни за достигнување на целосна интероперабилност и да дозволи едно ниво на отворено поле за вистинска конкуренција.
Суштински важно е сите конкуренти да имаат дозвола со која ќе бидат ослободени од законски тужби за имплементирање на некој стандард. Таквата дозвола мора да биде јасна, веродостојна и доволно широка за да ги покрие сите дејства потребни за да се постинг целосна интероперабилност и да дозволи еднакви услуво за вистинка конкурентност.

MS-OOXML е придружен со невообичаено комплексни и нејасни „договори за спречување на тужење“, наместо вообичаените дозволи за патенти. Поради неговата комплексност, не разјаснува колкава заштита нуди од судско гонење поради компатибилноста која ја дава.
MS-OOXML е придружен со невообичаено сложени и тесни „спогодби за спречување на тужење“, наместо вообичаените ослободувања од патенти. Поради неговата сложеност, не е доволно јасно колкава заштита од тужење за компатибилност тој навистина може да пружи.

Една површна правна анализа покажува дека договорот за спречување од тужење не ги покрива сите додатни карактеристики и неслободни формати кои се клучни за целосно имплементирање на MS-OOXML. Значи, слободата за имплементирање од сите конкуренти не е загарантирана за целата обемност на MS-OOXML предложен од Microsoft и таа дури се става во прашање и за најглавните компоненти на форматот.
Една површна правна анализа покажува дека спогодбата која спречува тужби не ги покрива сите дополнителни можности и неслободни формати кои се клучни за целосно имплементирање на MS-OOXML. Значи, слободата сите конкуренти да можат да го имплементираат не е гарантирана за целиот опфат на предложениот MS-OOXML формат. Слободата се става под прашање дури и за основните компоненти на форматот.

Дали вашето национално тело за стандардизација има своја, независна правна анализа за точната природа на дозволата за сертифицирање без разлика дали го опфаќа целиот спектар на сите можни имплементации на MS-OOXML?
'''Дали вашето национално тело за стандардизација има своја, независна правна анализа за точната природа на дозволата, за да потврди дали таа го опфаќа целиот спектар на сите можни имплементации на MS-OOXML?'''

На сите овие прашања треба да им бидат дадени договори од националните тела за стандардизација преку независни советници и експерти, а особено не од Microsoft и неговите бизнис партнери, со што би се јавил директен конфликт на интереси во однос на ова прашање.
На сите овие прашања треба да им се дадат одговори од страна на националните тела за стандардизација преку независни советници и експерти. Одговори особено не треба да даваат Microsoft и неговите бизнис партнери, затоа што со тоа би се јавил директен конфликт на интереси во однос на ова прашање.

Ако нема добар одговор на било кое од нив, тогаш националното тело не треба да гласа во ISO/IEC.
Ако нема добар одговор на било кое од овие прашања, тогаш националното тело треба да гласа против во ISO/IEC.

[Оригиналниот текст http://fsfeurope.org/documents/msooxml-questions]
[Оригиналниот текст http://fsfeurope.org/documents/msooxml-questions]

[[Категорија:Отворени формати]]
[[Категорија:Отворени формати]]

Преработка од 16:50, 27 јуни 2007

Шест прашања до националните тела за стандардизација

Исто така достапно и во PDF (англиска верзија) (28k)

Следниве шест прашања се поврзани со пријавувањето на форматот ECMA/MS-OOXML за стандард кој што треба да биде прифатен како IEC/ISO стандард. Ако телото за национална стандардизација нема убедливи и конечни одговори за сите овие прашања, тогаш треба да гласа против во IEC/ISO и ќе побара Microsoft да ја вклучи својата работа на MS-OOXML во ISO/IEC 26300:2006 (Отворен формат за документи).

Ова е краток документ. Повеќе информации може да се прочитаат на Интернет.

  1. http://www.grokdoc.net/index.php/EOOXML_objections
  2. http://www.xmlopen.org/ooxml-wiki/index.php/DIS_29500_Comments
  3. http://www.noooxml.org/arguments

Независност од софтверски апликации?

Ниту еден стандард не треба да зависи од одреден тип на оперативен систем, околина или апликација. Независноста на апликациите и имплементацијата се едно од најважните својства на сите стандарди.

Дали спецификацијата за MS-OOXML е ослободена од било какви референци кон одредени производи на било кој понудувач и нивното специфично однесување?

Поддршка за постоечки отворени стандарди?

Секој пат кога е применливо и возможно, стандардите треба да се градат врз претходни напори за стандардизација и да не зависат од неслободни технологии кои произведени одредени понудувачи.

MS-OOXML занемарува разни стандарди, како што се MathML и SVG, кои што се препораки на W3C и користи свои формати кои што се специфични само за еден производител. Ова додава дополнителен товар на сите понудувачи. Тие ќе мораат да го следат Microsoft во неговата неслободна инфраструктура изградена во последниве 20 години со цел целосно да се имплементира форматот MS-OOXML. Останува прашањето како воопшто некоја трета страна би го имплементирала MS-OOXML подеднакво добро како и Microsoft.

Каква корист има прифаќањето на формати кои зависат од само еден понудувач, кога тоа се прави на сметка на стандардизацијата во овие области? Како можат другите понудувачи воопшто да бидат конкуретни, да понудат компатибилност и комплетна имплементација на сите платформи, а да избегнат големи инвестиции кои што бариери за влез?

Поддршка за постари верзии за сите производители?

Наводно, една од главните предности на MS-OOXML е можноста за поддршка на постари верзии, како што е наведено во интернационалното соопштение за печатот на ECMA.

За секој стандард најважо е било која страна да може да го имлементира без да има потреба за соработка со друга компанија, без да ѝ требаат дополнителни информации до кои нема пристап или законски договори или дополнителни плаќања. Исто така неопходно е да не се бара соработка со било кој конкурент за да се постигне целосна и споредлива интероперабилност.

Дали врз основа на постоечката MS-OOXML спецификација секоја трета страна може, без разлика на нејзиниот бизнис модел, без пристап до дополнителни информации и без соработка со Microsoft, да имплементира целосна поддршка за постари верзии и префрлување на старите документи во MS-OOXML, кои ќе можат да се споредат со она што Microsoft може да го понуди?

Неслободни додатоци?

Неслободните додатоци за одделни апликации се позната техника која Microsoft посебно ја применува за злоупотреба и пренесување на монополот кој го има на десктоп компјутерите во соседните пазари. Таа е техника беше срцето на злоупотребувачкото однесување што беше јадро на одлуката против Microsoft која ја донесе Европската комисја во 2004 год. Microsoft до ден денес одбива да ги издаде информациите кои што се неопходни за интероперабилност.

Поради таа причина, јасно е дека отворените стандарди не треба да дозволат такви неслободни додатоци и дека таквите техники за изопачување на пазарот не треба да постојат врз основа на отворен стандард.

Дали MS-OOXML дозволува неслободни додатоци? Дали Мајкрософтовата имплементација на MS-OOXML е верна т.е. без недокументирани додатоци? Дали има заштита од такво злоупотребувачко однесување?

Двојни стандарди?

Целта на стандардизирањето е секогаш да се дојде до еден единствен стандард, бидејќи повеќе стандарди секогаш претставуваат пречка за конкуренцијата. Привидната конкуренција на стандардите е стратешка мерка за добивање контрола врз одредени сегменти од некој пазар, како што прикажуваат разните примери од минатото.

Веќе постои отворен стандард за канцелариски документи, имено Отворениот формат за документи (ODF) (ISO/IEC 26300:2006). И MS-OOXML и ODF се направени со XML технологија, значи ја користат истата базна технологија и поради тоа ги имаат истите теоретски можности. Microsoft е член на OASIS, организацијата во која беше развиен стандардот ODF и каде истиот се одржува. Microsoft знаеше за процесот и беше поканет да учествува.

Зошто Microsoft одби и сѐ уште одбива да учествува во досегашните напори за стандардизација? Зошто тој не ги доставува неговите технолошки предлози до OASIS за да бидат вклучени во ODF?

Законски безбедно?

Суштински важно е сите конкуренти да имаат дозвола со која ќе бидат ослободени од законски тужби за имплементирање на некој стандард. Таквата дозвола мора да биде јасна, веродостојна и доволно широка за да ги покрие сите дејства потребни за да се постинг целосна интероперабилност и да дозволи еднакви услуво за вистинка конкурентност.

MS-OOXML е придружен со невообичаено сложени и тесни „спогодби за спречување на тужење“, наместо вообичаените ослободувања од патенти. Поради неговата сложеност, не е доволно јасно колкава заштита од тужење за компатибилност тој навистина може да пружи.

Една површна правна анализа покажува дека спогодбата која спречува тужби не ги покрива сите дополнителни можности и неслободни формати кои се клучни за целосно имплементирање на MS-OOXML. Значи, слободата сите конкуренти да можат да го имплементираат не е гарантирана за целиот опфат на предложениот MS-OOXML формат. Слободата се става под прашање дури и за основните компоненти на форматот.

Дали вашето национално тело за стандардизација има своја, независна правна анализа за точната природа на дозволата, за да потврди дали таа го опфаќа целиот спектар на сите можни имплементации на MS-OOXML?