1000 зошто 1000 затоа за слободниот софтвер: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
с (5 ревизии: initial)
 
(нема разлика)

Последна преработка од 17:27, 29 јануари 2011

1. Што е слободен софтвер?

Слободниот софтвер“ е прашање на слобода, а не на цена. За да го разберете концептот мислете на „слободен говор“ не на „бесплатно пиво“. (Објанувањето доаѓа поради англискиот термин „free“ кој не прави разлика меѓу слобода и цена)

Слободниот софтвер се однесува на можноста корисниците слободно да го користат, копираат, дистрибуираат, проучуваат, променуваат и подобруваат софтверот. Поточно се однесува на четири типа слободи за корисниците на софтверот:

  • Слободата да го користиш софтверот за било која намена (нулта слобода).
  • Слободата да го проучуваш работењето на програмата и истата да ја променуваш според потребите (прва слобода). Пристап до кодот е предуслов за ова.
  • Слободата да редистрибуираш копии за да му помогнеш на комшијата (втора слобода).
  • Слободата да го подобруваш програмот, и да издаваш подобрувања во јавноста, со што целата заедница ке извлече корист (трета слобода). Пристап до кодот е предуслов за ова. (1)

2. Зошто слободен софтвер?

Философскиот аспект:

Знаењето му припаѓа на човештвото. Доволно е само еднаш да се измисли тркалото. Истото важи и за Њутновата F=m*a. Треба да важи и за циклусот while/do.

„Замислете како би било кога рецептите би биле пакувани во црни кутии. Нема да можете да видите кои состојки се користат, а камо ли да ги смените, и замислете да дадете копија на пријател. Ќе ве наречат пират и ќе ве стават во затвор со години. Тоа ќе предизвика бес кај сите оние кои претходно делеле рецепти. Но токму таков е светот на затворениот сотфвер. Светот во кој пристојноста кон другите луѓе е забранета или спречена.”(2)

Ако симфониите се патентираа

На некој начин пишувањето софтвер е како пишување симфонија: користиш многу ноти и идеи кои биле претходно искористени. Замислете европските влади во 17 век да имале музички патенти. Сега замислете дека е 1800 и вие сте Бетовен: сакате да напишете симфонија и сѐ да биде легално. Па, ќе биде невозможно и кога ќе се жалите, сопствениците на патентот ке речат: „Бетовен, се нервираш зашто немаш свои идеи.”

Но, Бетовен имал многу добри идеи, но користел и многу туѓи идеи. Никој не е толку брилијантен да компонира целосно нова музика која сите ќе ја слушаат и никој не може да напише софтвер кој нема да ги користи постојните идеи. Секако нова програма за обработка на текст ќе има нови идеи, но ќе има и стари. И бидејќи работата на развивањето софтвер е толку голема, не сакаме некој вештачки систем да ги мотивира луѓето да имаат нови идеи; оставете ги на раат и идеите ќе им дојдат додека работат.

Пред софтверските патенти, најголем број од програмерите објавуваа идеи за кои мислеа дека ќе добијат признание. Сега системот на патенти треба да го охрабри производство на нови идеи. Но порано никој не ги криел идеите; кодот бил тајна, но идеите биле објавувани; така вработените примале заслуги и се чувствувале добро. Со патентите кодот остана тајна, но и идеите му се приклучија. Така, патентирањето не поттикнало ништо. И идеите кои се патентирани ќе бидат бескорисни за 20 години. (3)

Техничкиот аспект:

Кај слободниот софтвер пристап до изворниот код на софтверот имаат сите. Тоа овозможува да се провери што и како прави софтверот. Понатаму тоа значи дека за проблемите кои ќе се јават не мора да се чека на ажурирања од компанијата која го произведува софтверот. Софтверот секогаш може да се развива во насока која некој поединец или група корисници ќе ја одберат и за тоа тој/тие не треба да бараат дозвола. Сигуносните дупки многу полесно се затвораат кога кодот е кај заедницата, тоа го потврдува практиката.

3. Зошто слободен софтвер во Македонија?

Повторно исто: проблемите кои би се јавиле, ќе можеме сами да си ги решиме. Од наједноставните како локализација и превод (прашања за кои од Microsoft треба долго да се чека), преку образовните прашања - достапноста до кодот е значајна за образованието на „младите“ програмери, до безбедносните прашања – владина заштита, но секако и личната. Слободниот софтвер во голема мера ќе ја намали и технолошката зависност на Македонија од странстките компании, логично ќе поттикне производство на домашен софтвер.

4. Кој го прави слободниот софтвер?

Сите ние. :-) Секој може да се вклучи во правењето слободен софтвер. Дури и ако немате програмерски знаења, може да помогнете на различни начини: пишување документација, тестирање... Денес во производството на слободен софтвер учествуваат поединци, организации, помали фирми, големи корпорации.

5. Каде да читам уште?

http://www.gnu.org/philosophy/