Вечна TO-DO листа: Разлика помеѓу преработките
Нема опис на уредувањето |
(нема разлика)
|
Преработка од 14:50, 19 мај 2007
Вечна TO-DO листа за активности поврзани со слободен софтвер
За овој документ
Овој документ е напишан од Новица Наков и служи како место за собирање на идеи за тоа што треба, што може, што би било добро и сл. да се направи во врска со слободниот софтвер во нашава македонска заедница. Ова се некои општио идеи кои стојат наоколу, но има и некои мои идеи со кои никој не мора да се сложува. Сепак, ако некому му се види нешто интересно, може да допише или евентуално да се додаде себе си како лице кое ќе ја спроведе идејата во дело.
ВАЖНО: не бришете ништо од вики страницава. Ако некоја работа е завршена прешкртајте ја.
Дизајн на насловната страница за новото веб место на Слободен софтвер Македонија
Не чувствувам посебна потреба да објаснувам нешто повеќе околу ова, бидејќи полно детали има на: http://bugs.softver.org.mk/task/94
Патем, за оваа работа има и награда за најдобар дизајн која изнесува 1000 денари.
Мигрирање на стари содржини од старо вики на ова вики овде
Исто види: http://bugs.softver.org.mk/task/105
Преводи на некои текстови за DRM
Види: http://bugs.softver.org.mk/task/88
Знам дека нешто се работеше на ова, но не знам што се случи на крај. Ако има некаков update содржините може да се стават на new.slobodensoftver.org.mk
Централно место за локализација
http://bugs.softver.org.mk/task/101
Ова е само идеја. Не знам дали/колку вреди.
Нов изглед/функција на softver.org.mk
softver.org.mk одамна ја загуби функцијата не место каде што се објавуваше македонски слободен софтвер. Затоа веќе подолго време се размислува таму да се инсталира gforge или trac (системи за менаџмент на проекти) кои ќе и служат на заедницата во Македонија. Се разбира, пред да се стави тоа на сервер некој треба дома да истестира, да нагоди, да среди и потоа во иднина да се грижи за системот, т.е. да биде webmaster/admin на новиот softver.org.mk
Превод на текстови од ODF Alliance
Ова е добар текст за почеток:
http://www.odfalliance.org/resources/whyODF.pdf Превод на македонски јазик на whyODF.pdf Маки го преведе.
http://www.odfalliance.org/resources/RefutingMyths.pdf e исто така [преведен].
За повеќе видете http://odf.slobodensoftver.org.mk
А на http://www.odfalliance.org/resources.php има уште текстови во случај да има некој поамбициозен.
Мислам дека не треба посебно да се обајснува зошто ни требаат информации за ODF на македонски јазик.
Уште банери за споделизнаење
На spodeliznaenje.blogspot.com има неколку банери кои рандом се вртат на сајтот. Арно ама после некое време стануваат досадни, па така ако некој сака да направи уште некој банер плус во истиот (или подобар?) дух/стил, може слободно да го спроведе истото.
Важно во врска со ова е доколку се земаат слики од места како flickr да се внимава на авторските права. Значи земајте слики кои се под онаа Creative Commons лиценца која дозволува истите да се доработуваат. Исто така, тие банери за користење на блогот треба да бидат објавени под иста (или полиберална) лиценца како што е и блогот.
Дизајн за маичка „СподелиЗнаење“
Одамна не сме правеле нови маички, па со слоганот „споделизнаење“ може и нови да направиме. :) прва тура маички помина... http://wiki.lugola.net/wiki/Маици_сподели_знаење
Видео од Вејн Вота
Предавањето на Вејн се случи одамна, а сеуште не се направени употребливи материјали од видео снимката.