Македонска локализација: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
с (9 ревизии: initial)
 
(нема разлика)

Последна преработка од 17:35, 29 јануари 2011

Locale е дел од стандардните C библиотеки на GNU/Linux (и кај другите Unix-и), кој ја олеснува интернационализацијата (i18n) на софтверот. На пример locale-то ги дефинира следните стандарди, кои автоматски се користат од сите правилно направени GNU/Linux програми:

  • форматот на датумите и времето
  • форматот на броевите
  • форматот на паричните единици
  • правила за подредување (сортирање)
  • множество на буквите и знаците

Македонското locale и негово активирање

Македонското locale за GNU/Linux е дел на glibc од верзијата 2.1.3, 2.2 и понови, така што е дел од сите современи GNU/Linux дистрибуции и стандардно доаѓа и во најосновните инсталации. Евентуално на некои дистрибуции треба да се „искомпајлира“, што се прави или преку едитирање на /etc/locale.gen и потоа извршување на командата locale-gen или пак со командите:

# localedef -i mk_MK -f UTF-8 mk_MK
# localedef -i mk_MK -f UTF-8 mk_MK.UTF-8

Нормално не треба да потсетувам дека овие наредби мора да се извршат како root.

Следниот чекор е активирање на locale-то. Тоа се прави на едноставен начин со поставување на променливата LANG. На пример тоа може да се направи во ~/.bashrc вака:

 export LANG=mk_MK.UTF-8

или во ~/.cshrc вака:

 setenv LANG mk_MK.UTF-8


За било кој обичен GNU/Linux корисник, до тука е доволно да се знае.

Референци

  • Debian/Ubuntu?
  • ArchLinux?
  • Gentoo?
  • RHEL?

Што потоа?

Со самото поставување на гореспоменатота shell-променлива, сите правилно напишани GNU/Linux програми автоматски стануваат „свесни“ за македонските стандарди и букви. Како се случува тоа? И што значи тоа правилно напишани GNU/Linux програми? За најлесно да се разјасни начинот на дејствување на локализацијата еве неколку примери на „правилно напишани GNU/Linux програми“.

Првиот пример е мало програмче во C кое ги претвора малите букви во големи користејќи ја функцијата toupper(3).

 /* gcc -o capital capital.c */
 #include <locale.h>
 #include <ctype.h>
 
 int main() {
   char buff[[1024];
   int len,i;
   setlocale(LC_ALL,"");
   while(len = read(0,buff,1024)) {
       for(i=0;i < len;i++) buff[[i] = toupper(buff[[i]);
   write(1,buff,len);
   }
   puts(""); exit(0);
 }

Може да се тестира на два начини:

# LC_CTYPE=mk_MK ./capital

и

# LC_CTYPE=C ./capital

и дај му некои кирилични букви на stdin и ќе ја видиш разликата.

Втор пример, употреба на strcoll(3) за подредување на кириличните букви.

 /* gcc -o sortit sortit.c */
 #include <locale.h>
 #include <string.h>
 
 int compare(char **p1, char **p2) {
     return strcoll(*p1, *p2);
 }
 
 int main() {
    char *array[] = {"шамар", "ѕивра", "чаша", "ѓон", "ќумур", "жаба"};
    int nstrings = 6;
    int i;
    setlocale(LC_ALL,"");
    qsort (array, nstrings, sizeof (char *), compare);
    for(i=0; i<nstrings;i++) puts(array[[i]);
    exit(0);
 }

Конечно GNU-библиотеката нуди решение и за независно преведување на програмите на други јазици. Така на пример тимот на мкде го преведува KDE на македонски, без притоа да имаат потреба од изворниот код на KDE и без ре-компилирање. Еве како изгледа дел од една програма предвидена за преведување:

 #include <libintl.h>
 int main {
    ...
    setlocale(LC_ALL,"");
    bindtextdomain(PACKAGE, LOCALEDIR);
    texdomain(PACKAGE);
    ...
    puts(gettext("loading file"));
    ...
    puts(gettext("saving file"));
    ...
 }

каде што PACKAGE="kbabel", а LOCALEDIR="/opt/kde/share/locale/LC_MESSAGES". Може да се види дека пораките предвидени за преведување се вметнати во функцијата gettext. За да се преведе оваа програма треба да се најде таканаречената PO-template датотека (.pot), која ги содржи сите пораки што треба да се преведат. При преведувањето .pot датотеката ја добива наставката .po . Еве еден дел од преведена PO-датотека, за програмата kbabel:

#: catalog.cpp:1086 kbabel.cpp:499
msgid "loading file"
msgstr "датотеката се вчитува"

#: catalog.cpp:1303
msgid "saving file"
msgstr "датотеката се снима"

#: searchresultbox.cpp:914 searchresultbox.cpp:998
#, c-format
msgid ""
"The file does not exist:\n"
"%1"
msgstr ""
"Датотеката не постои:\n"
"%1"

По преведување на PO-датотеката, таа се компилира во hash-табела за побрз пристап. Тоа се прави со наредбата

msgfmt kbabel.po -o kbabel.mo

и потоа добиената датотека се копира или во /usr/share/locale/mk/LC_MESSAGES или /opt/kde/share/locale/mk/LC_MESSAGES. За програмата да знае кој јазик да го користи се поставува shell-променливата LANGUAGE=mk:en. При тоа не е потребно никакво пре-компилирање на софтверот што сме го превеле, ниту пре-инсталирање, ниту ресетирање на компјутерот и слично.

За повеќе информации околу правењето на интернационални програми, види __info libc Locales__ и __info gettext__.