Систем за надзор со Motion: Разлика помеѓу преработките
с (1 ревизија: initial) |
(нема разлика)
|
Последна преработка од 17:38, 29 јануари 2011
Основни подесувања
1. Поврзи ја (веб) камерата на компјутер и инсталирај ги потребните драјвери за истата
2. Симни го проектот Motion (http://www.lavrsen.dk/foswiki/bin/view/Motion/WebHome) или на Ubuntu
sudo apt-get install motion
3. Инсталирај sendmail и mutt - на Ubuntu:
sudo apt-get install sendmail mutt
4. Подеси го sendmail (стандардните подесувања се доволни, но за понапредни корисници ова е како опција)
5. Потребно е извршување на програмата со рут (root) привилегии (пр. sudo)
5а. Може да се подеси со cron или со sleep за да не го повикува првиот настан додека си присутен пред камерата
Дополнителни подесувања
Инстантно известување по е-пошта кога ќе биде забележано движење
1. Отвори ја датотеката /etc/motion/motion.conf со текст едитор (пр. vim)
2. Лоцирај го текстот on_event_start value и вредноста value замени ја со:
echo "Ova e porakata vo mejlot" | mutt -s "Zabelezano e dvizenje" tvojot@mail.com
3. Ако има ; (точка-запирка) на почетокот од редот, отстрани го, исто и било кое празно место пред on_even_start
Испраќање на сликите до веб сервер
1. Отвори ја датотеката /etc/motion/motion.conf со текст едитор
2. Лоцирај го текстот on_picture_save value и вредноста valuе замени ја со:
scp %f korisnik@domen.com.mk:/pateka/za/slikite/
3. Ако има ; (точка-запирка) на почетокот од редот, отстрани го, исто и било кое празно место пред on_picture_save
Додај најава до сајт без лозинка
1. Креирај ssh клуч:
sudo ssh-keygen -t dsa
2. Качи го клучот до серверот:
sudo ssh-copy-id -i /root/.ssh/id_dsa.pub username@hostname.com
За помош при подесување пишете на мејлинг листата или на IRC каналот (freenode.org канал #lugola)