Cpp: Разлика помеѓу преработките
с (5 ревизии: initial) |
(нема разлика)
|
Последна преработка од 17:28, 29 јануари 2011
C++ е општо наменски програмски јазик од високо ниво со особености од ниско ниво. Тој е јазик пишуван статично во слободна форма, поддржувајќи процедурално програмирање, издвојување на податоци, објектно-ориентирано програмирање и генеричко програмирање. Уште од 1990те години C++ е еден од комерцијално најпопуларните програмски јазици.
Bjarne Stroustrup го развил C++ (првично наречен „C со класи“) во 1983 година во Bell Labs како подобрување на C програмскиот јазик. Подобрувањата започнаа со додавање на класи, потоа со други карактеристики како виртуелни функции, преклопување на оператори, повеќекратно наследување, образци и справување со исклучоци. Стандардот за C++ програмскиот јазик беше одобрен во 1998 како ISO/IEC 14882:1998, а верзијата од 2003 е тековна, ISO/IEC 14882:2003. Во развој е новата верзија од стандардот неформално позната како C++0x.
Историја
Stroustrup во 1979 започнал со работа на C со класи. Идејата за создавање на нов јазик потекнува од неговото искуство во програмирање за неговиот докторат. Тој забележал дека во Simula има карактеристики кои што се многу корисни за развивање на големи софтверски проекти, но јазикот бил премногу бавен за практична употреба, додека пак BCLP бил брз но на многу ниско ниво кое не било погодно за развивање на големи софтверски проекти. Кога Stroustrup започнал со работа во Bell Labs, тој имал проблеми со анализирање на UNIX кернелот во поглед на распределено пресметување. Сеќавајки се на искуството од неговиот докторат, Stroustrup почнал да го подобрува C програмскиот јазик со карактеристики слични на оние во Simula. Јазикот C бил избран поради неговата општа намена, брзина и преносливост. Покрај C и Simula него го инспирираа и некои други јазици како ALGOL 68, Ada, CLU и ML. Прво биле додадени карактеристики како класата, извлечена класа, стандардна променлива и други со помош на Cfront. Во октомври 1985 се појавило првото комерцијално издание.