Draft prv newsletter: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
 
Нема опис на уредувањето
Ред 6: Ред 6:


#Сподели кино преместено во среда;
#Сподели кино преместено во среда;
#Работа на превод Sunbird 0.8 и Firefox 3.0;
#Работа на локализација Sunbird 0.8 и Firefox 3.0;
#Работа на превод на GNOME 2.22;
#Работа на локализација на GNOME 2.22;
#24c3.
#24c3.



Преработка од 21:41, 2 февруари 2008

Добредојдовте во билтенот (newsletter на мк според rechnik.on.net.mk) на Слободен софтвер Македонија. Билтенот е е-поштенска порака која вообичаено еднаш месечно се испраќа на листата 2c.mk-newsletter. Содржината на оваа порака пред сѐ е наменета за новинари и организации со кои соработува Слободен софтвер Македонија.

Се разбира, листата на која се испраќа овој билтен е јавна, па според тоа секој заинтересиран може да ја следи истата.

Содржина:

  1. Сподели кино преместено во среда;
  2. Работа на локализација Sunbird 0.8 и Firefox 3.0;
  3. Работа на локализација на GNOME 2.22;
  4. 24c3.

Сподели кино преместено во среда

Редовниот настан посветен на промовирање на слободна култура „СподелиКино“ и официјално, од јануари 2008, е преместен за во среда. Исто така „СподелиКино“ се одржува секоја недела. Настанот и понатаму започнува во 20 часот и локацијата останува иста - Културен центар „Точка“. Повеќе информации за тоа кои се темите на проекциите во „Точка“ можете да добиете преку редовно следење на блогот http://spodeliznaenje.blogspot.com/.

http://spodeliznaenje.blogspot.com/2008/01/blog-post_31.html

Работа на превод Firefox 3.0 и Sunbird 0.8

Локализацсикиот тим за прозиводите на Мозила објави дека започнува со работа на преводот за следната главна верзија на прелистувачот за Интернет Firefox. Новата верзија на Firefox треба да се појави оваа пролет.

Истовремено, помалку познатата апликација на Мозила, календарот Sunbird стигнува до верзија 0.8. Преводот и за оваа апликација е готов и сега се тестира. Како и секогаш сите заинтересирани корисници можат да помогнат во тестирањето на преводите. За повеќе информации видете го блогот http://mozilla.blog.com.mk/. Грешките пријавете ги директно на http://bugs.softver.org.mk

http://mozilla.blog.com.mk/node/128998

Работа на превод на GNOME 2.22

Новата верзија на GNOME исто така треба да се појави оваа пролет и македонскиот локализациски тим веќе работи со полна пареа.

Главниот предизвик ќе биде преведувањето на Anjuta DevStudio кое од оваа верзија на GNOME станува дел од официјалната дистрибуција. Помош е посебно добредојдена токму за преводот на оваа развојна околина за GNU/Linux.

Информации за контакт со координаторите, како и за статусот на преводот има на: http://wiki.lugola.net/Превод_на_GNOME_2.22

24c3

24 Хаос компјутерски конгрес се одржа во Берлин пред истекот на старата 2007 година. На покана на соработниците од Германија, неколку членови на Слободен софтвер Македонија присуствуваа на оваа најголема хакерска конференција во Европа.

Информации од настанот, како и за презентации од настанот прикажани на „СподелиКино“ има на: http://spodeliznaenje.blogspot.com/search/label/24c3