Хаклаб/Тортиља: Разлика помеѓу преработките
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |

Ред 7: | Ред 7: | ||

Јас најчесто, освен јајцата и компирот, додавам многу кромид, спанаќ, и понекогаш и црвени/зелени пиперки.
| Јас најчесто, освен јајцата и компирот, додавам многу кромид, спанаќ, и понекогаш и црвени/зелени пиперки.

[[Податотека:http://i.imgur.com/jy8Nh.jpg]] | |||

Состојките за рецептот што јас го приготвувам, со кромид се наведени подолу.
| Состојките за рецептот што јас го приготвувам, со кромид се наведени подолу.

Преработка од 09:55, 9 февруари 2012
Едно од познатите Шпански јадења е Тортиљата. Ова е во суштина омлет, кој се прави малку поразлично од нашиот, и освен јајцата, секогаш се користи компир.
Во Шпанија се користи како „закуска“, или како една од порциите за време на siesta и обично се служи со мајонез или некое сосче од страна :)
Бидејќи од неодамна во Хаклаб има какви-такви услови за подготвување на храна, супер би било да почнеме со food hacking и да направиме tortilla de patatas, за сите да се замезат, па и да научат да зготват нешто ново.
Во духот на слободниот софтвер, рецептот дава голема слобода во начините и состојките кои можат да се додаваат, па откако ќе го научи основниот рецепт, секој може да си го модификува и да си експериментира според сопствените желби и вкусови.
Јас најчесто, освен јајцата и компирот, додавам многу кромид, спанаќ, и понекогаш и црвени/зелени пиперки.
Податотека:Http://i.imgur.com/jy8Nh.jpg
Состојките за рецептот што јас го приготвувам, со кромид се наведени подолу.
Состојки за tortilla de patatas con ceba:
- 4-5 Средни компири
- 4-5 Јајца
- 1 Голем кромид
- Спанаќ (по желба, веројатно 200 грама)
- Маслиново масло
- Сол
Состојките погоре се однесуваат на една пита. Бидејќи во Хаклаб ќе има повеќе гладни усти, и најверојатно ќе се прави ова повеќе од еднаш, најдобро е да се набават поголеми количини..
Потребни работи за набавка во Хаклаб:
Храна
- Вреќа компири
- 2 Табли јајца
- Вреќа кромид
- Кеса спанаќ
- Маслиново масло
- Сол
Прибор
2 средно длабоки тавчиња (околу 24cm дијаметар) или 1 тавче и 1 голем тањир (голем колку тавчето)
1 голема спатула (шпакла)
вилушки и тањири (за сервирање)
Останато
Доколку некој има „решо“ со поголема плоча, супер би било да го донесе. Тоа што моментално го има во Хаклаб е мало, и тортиљата најверојатно нема да испадне баш добро :)