Java: Разлика помеѓу преработките
с (28 ревизии: initial) |
|
(нема разлика)
|
Последна преработка од 17:30, 29 јануари 2011
Јава е објектно ориентиран програмски јазик, развиен од James Gosling и Sun Microsystems кој се појавува во 1990-тите. Различен од вообичаените програмски јазици кои се главно дизајнирани за да се компилираат во машински јазик, Јава се компилира во код генериран од Јава компилаторот, независен од машинскиот кој се извршува со Јава виртуелната машина.
Јава користи слична синтакса како C и C++ но има многу поедноставен облик на објекти и ги изоставува покажувачите. Тој програмски јазик е сè позастапен во софтверските решенија на пазарот. Негова силна страна е што може да се користи на повеќе оперативни системи само со инсталирање на Јава виртуелната машина за извршување на програми напишани во Јава. Денес Јава се повеќе и повеќе се користи и во мобилните телефони.
Јава синтакса
public class Hello { public static void main(String[] args) { System.out.println("Hello, world!"); } }
Примерот горе заслужува мало објаснување..
- Во Јава сѐ се пишува во класи.
- Датотеките со изворниот код. вообичаено се именуваат како класата што ја содржат вклучувајќи ја и наставката на датотеката .java.
- Компилаторот ќе генерира датотека на класа за секоја класа дефинирана во изворниот код. Името на датотеката на ќе содржи името на класата и наставка .class.
- Програмите кои ќе се извршуваат како самостојни мора да имаат main() метод.
- void означува дека main методот не враќа ништо.
- main мотодот мора да прифаќа низа од String објекти. Вообичаено тие се args но може да се користат и други.
- static означува дека методот е статички, а тоа значи дека ќе биде во секој случај извршена откога ќе ја отповикате класата (во овој пример Hello) и без предходно да сте декларирале нов објект од оваа класа со функцијата new. Main методите мора да бидат static.
- public обележува дека методот може да биде повикан од изворниот код од други класи или дека може да биде користен надвор од хиерархијата на класата. Main методите исто така мора да бидат public.
- Печатењето е дел од основната библиотека на Јава: системската класа дефинира public static поле наречено out. out објектот е дел од класата PrintStream и го дава методот println(стринг-текст) за печатење на податоци на монитор.
- Самостојните програми се извршуваат со испишување на името на класата чиј main метод треба да биде повикан на Јава виртуелната машина. На пр. во конзолата на Linux преку командната линија се испишува javac Hello.java и ќе се компилира горниот програм (компилра во Hello.class) во истата датотека. Со командата java -cp . Hello (името на class-датотеката) ја извршувате програмата а како резултат ќе биде испечатен текстот Hello, world! на мониторот т.е. онаму каде и што го очекувавме.
- Името на класата чиј main метод ќе се повика исто така може да се наведе и во MANIFEST на Јава архивната датотека (Jar).
Најчести прашања за Јава
Јава апликации
Неколку познати јава апликации:
- Limewire - Клиент за peer-to-peer мрежата Gnutella издаден под GPL лиценца.
- Azureus - Еден од најпопуларните клиенти за BitTorrent.
- jEdit - Текст уредувач за програмери
Околини за развивање Java - integrated development environment (IDE)
- JCreator - JCreator од Xinox Software
- IntelliJ IDEA - IntelliJ IDEA од JetBrains
- JDeveloper - JDeveloper од Oracle