MSOOXML

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Шесте прашања за национална стандардизација

[Исто така достапно и во PDF (англиска верзија) (28k)]

Следниве шест прашања се поврзани со апликацијата на форматот ECMA/MS-OOXML кој што треба да биде прифатен како IEC/ISO стандард. Доколку телото за национална стандардизација дојде до логички одговори за сите прашања, тогаш ќе гласа НЕ во IEC/ISO и ќе побара Microsoft да го вклучи IEC/ISO во ISO/IEC 26300:2006 (Open Document Format).

Ова е краток документ. Подетални информации се достапни онлајн.

http://www.grokdoc.net/index.php/EOOXML_objections

http://www.xmlopen.org/ooxml-wiki/index.php/DIS_29500_Comments

http://www.noooxml.org/arguments

1.Независност од апликации? Ниеден стандард не треба да зависи од одреден тип на оперативен систем, околина или апликација. Независноста на апликациите и имплементацијата се едно од најважните својства на сите стандарди. Дали спецификацијата за MS-OOXML е слободна од референци до одредени производи на било кој производител и нивното специфично однесување?

2. Поддршка за непостоечки отворени стандарди? Секој пат кога е применливо и возможно, стандардите треба да се градат на претходни напори за стандардизација и да не зависат од неслободни технологии само од одредени производители.

MS-OOXML занемарува разни стандарди, како што се MathML и SVG, кои што се препорачани од страна на W3C, и користи свои формати кои што се специфични само за еден производител. Ова додава дополнителен товар на сите производители за да мораат да го следат Microsoft по неговата неслободна инфраструктура изградена во последниве 20 години се со цел целосно да се имплементира форматот MS-OOXML. Останува прашањето како некоја трета страна би ги имплементирала добро како и Microsoft.

Кои се предностите од прифаќањето на такви формати врзани за само еден производител на сметка на стандардизацијата во овие области? Како можат другите производители воопшто да бидат конкуретни, да понудат компатибилност и комплетна имплементација на сите платформи а да избегнат огромни, претерано скапи инвестиции?

4.Неслободни додатоци?

Неслободните додатоци за одделни апликации се позната техника која се користи особено од Microsoft за злоупотреба и засилување на монополот на десктоп компјутери во соседните пазари. Таа е техника која е јадрото на таквото злоупотребувачко дејство и беше главната причина во одлуката на Европската Комисија против Microsoft во 2004 и Microsoft до денес продолжува да одбива да ги издаде потребните информации за интероперабилност.

Поради таа причина јасно е дека отворените стандарди не треба да дозволат такви неслободни додатоци и дека таквите техники за изопачување на пазарот не треба да постојат во темелот на отворениот стандард.

Дали MS-OOXML дозволува неслободни додатоци? Дали имплементацијата на Microsoft на MS-OOXML е доверлива т.е. без недокументирани додатоци? Дали има заштита против такво злоупотребувачко однесување?

5.Двојни стандарди?

Целта на стандардизирањето е секогаш да се дојде до еден единствен стандард, бидејќи повеќе стандарди секогаш претставуваат пречка за конкуренцијата. Привидната конкуренција на стандардите е стратешка мерка за добивање контрола врз одредени сегменти од некој пазар, како што прикажуваат разните примери од минатото.

Веќе постои отворен стандард за канцелариски документи, имено Open Document Format(ODF) (ISO/IEC 26300:2006). И MS-OOXML и ODF се направени со XML технологија, значи ја користат истата базна технологија и значи поради тоа ги имаат истите теоретски можности. Microsoft е член на OASIS, организацијата во која беше развиен ODF стандардот и од која истиот е одржуван. Microsoft беше свесен од процесот и беше поканет да учествува.

Зошто Microsoft одби и сѐ уште одбива да учествува во досегашните напори за стандардизација? Зошто не ги доставува неговите технолошки предлози до OASIS за да бидат вклучени во ODF?

6.Легално безбедно?

Давањето слобода од легално гонење за имплементација на некој стандард на сите конкуренти е од суштинско значење. Тоа треба да биде јасно, веродостојно и доволно широко да ги опфати сите активности потребни за достигнување на целосна интероперабилност и да дозволи едно ниво на отворено поле за вистинска конкуренција.

MS-OOXML е придружен со невообичаено комплексни и нејасни „договори за спречвање на тужење“, наместо со вообичаените дозволи за патенти. Поради неговата комплексност, не разјаснува колкава заштита нуди тој од судско гонење поради компатибилноста која ја дава.

Една површна легална анализа покажува дека договорот за спречување на тужење не ги покрива сите додатни карактеристики и неслободни формати кои се клучни за целосно имплементирање на MS-OOXML. Значи, слободата за имплементирање од сите конкуренти не е загарантирана за целата обемност на MS-OOXML предложен од Microsoft и таа дури се става во прашање и за најглавните компоненти на форматот.

Дали вашето национално тело за стандардизација има своја, независна легална анализа за точната природа на дозволата за сертифицирање без разлика дали го опфаќа целиот спектар на сите можни имплементации на MS-OOXML?

На сите овие прашања треба да им бидат дадени договори од националните тела за стандардизација преку независни советници и експерти, а особено не од Microsoft и неговите бизнис партнери, со што би се јавил директен конфликт на интереси во однос на ова прашање.

Ако нема добар одговор на било кое од нив, тогаш националното тело не треба да гласа во ISO/IEC.