MSOOXML
Шест прашања до националните тела за стандардизација
Исто така достапно и во PDF (англиска верзија) (28k)
Следниве шест прашања се поврзани со предлагањето на форматот ECMA/MS-OOXML за стандард кој што треба да биде прифатен како IEC/ISO стандард. Ако телото за национална стандардизација нема убедливи и конечни одговори за сите овие прашања, тогаш треба да гласа против во IEC/ISO и да побара Мајкрософт да ја вклучи својата работа на MS-OOXML во ISO/IEC 26300:2006 (Отворен формат за документи).
Ова е краток документ. Повеќе информации може да се прочитаат на Интернет.
- http://www.grokdoc.net/index.php/EOOXML_objections
- http://www.xmlopen.org/ooxml-wiki/index.php/DIS_29500_Comments
- http://www.noooxml.org/arguments
Независност од програмите?
Ниту еден стандард не треба да зависи од одреден тип на оперативен систем, околина или програма. Најважните својства на сите стандарди се тие да не зависат од програмите и да можат независно да се имплементираат.
Дали спецификацијата за MS-OOXML е ослободена од какви и да е референци кон одредени производи на кој и да е понудувач и нивното специфично однесување?
Поддржување на постоечки отворени стандарди?
Секој пат кога е применливо и возможно, стандардите треба да се градат врз претходни напори за стандардизација и да не зависат од неслободни технологии кои произведени одредени понудувачи.
MS-OOXML занемарува разни стандарди, како што се MathML и SVG, кои што се препораки на W3C и користи свои формати кои што се специфични само за еден производител. Ова додава дополнителен товар на сите понудувачи. Тие ќе мораат да го следат Мајкрософт во неговата неслободна инфраструктура изградена во последниве 20 години со цел целосно да се имплементира форматот MS-OOXML. Останува прашањето како воопшто некоја трета страна би го имплементирала MS-OOXML подеднакво добро како и Мајкрософт.
Каква корист има прифаќањето на формати кои зависат од само еден понудувач, кога тоа се прави на сметка на стандардизацијата во овие области? Како можат другите понудувачи воопшто да бидат конкуретни, да понудат компатибилност и комплетна имплементација на сите платформи, а да избегнат големи инвестиции кои што бариери за влез?
Поддржување на постари верзии за сите производители?
Наводно, една од главните предности на MS-OOXML е можноста за поддршка на постари верзии, како што е наведено во интернационалното соопштение за печатот на ECMA.
За секој стандард најважо е било која страна да може да го имлементира без да има потреба за соработка со друга компанија, без да ѝ требаат дополнителни информации до кои нема пристап или законски договори или дополнителни плаќања. Исто така неопходно е да не се бара соработка со било кој конкурент за да се постигне целосна и споредлива интероперабилност.
Дали врз основа на постоечката MS-OOXML спецификација секоја трета страна може, без разлика на нејзиниот бизнис модел, без пристап до дополнителни информации и без соработка со Мајкрософт, да имплементира целосна поддршка за постари верзии и префрлување на старите документи во MS-OOXML, кои ќе можат да се споредат со она што Мајкрософт може да го понуди?
Неслободни проширувања?
Неслободните проширувања за одделни апликации се позната техника која Мајкрософт посебно ја применува за злоупотреба и пренесување на монополот кој го има на десктоп компјутерите во соседните пазари. Таа е техника беше срцето на злоупотребувачкото однесување што беше јадро на одлуката против Мајкрософт која ја донесе Европската комисја во 2004 год. Мајкрософт до ден денес одбива да ги издаде информациите кои што се неопходни за интероперабилност.
Поради таа причина, јасно е дека отворените стандарди не треба да дозволат такви неслободни додатоци и дека таквите техники за изопачување на пазарот не треба да постојат врз основа на отворен стандард.
Дали MS-OOXML дозволува неслободни проширувања? Дали Мајкрософтовата имплементација на MS-OOXML е верна т.е. без недокументирани проширувања? Дали има заштита од такво злоупотребувачко однесување?
Двојни стандарди?
Целта на стандардизирањето е секогаш да се дојде до еден единствен стандард, бидејќи повеќе стандарди секогаш претставуваат пречка за конкуренцијата. Привидната конкуренција на стандардите е стратешка мерка за добивање контрола врз одредени сегменти од некој пазар, како што прикажуваат разните примери од минатото.
Веќе постои отворен стандард за канцелариски документи, имено Отворениот формат за документи (ODF) (ISO/IEC 26300:2006). И MS-OOXML и ODF се направени со XML технологија, значи ја користат истата базна технологија и поради тоа ги имаат истите теоретски можности. Мајкрософт е член на OASIS, организацијата во која беше развиен стандардот ODF и каде истиот се одржува. Мајкрософт знаеше за процесот и беше поканет да учествува.
Зошто Мајкрософт одби и сѐ уште одбива да учествува во досегашните напори за стандардизација? Зошто тој не ги доставува неговите технолошки предлози до OASIS за да бидат вклучени во ODF?
Законски безбедно?
Суштински важно е сите конкуренти да имаат дозвола со која ќе бидат ослободени од законски тужби за имплементирање на некој стандард. Таквата дозвола мора да биде јасна, веродостојна и доволно широка за да ги покрие сите дејства потребни за да се постинг целосна интероперабилност и да дозволи еднакви услуво за вистинка конкурентност.
MS-OOXML е придружен со невообичаено сложени и тесни „спогодби за спречување на тужење“, наместо вообичаените ослободувања од патенти. Поради неговата сложеност, не е доволно јасно колкава заштита од тужење за компатибилност тој навистина може да пружи.
Една површна правна анализа покажува дека спогодбата која спречува тужби не ги покрива сите дополнителни можности и неслободни формати кои се клучни за целосно имплементирање на MS-OOXML. Значи, слободата сите конкуренти да можат да го имплементираат не е гарантирана за целиот опфат на предложениот MS-OOXML формат. Слободата се става под прашање дури и за основните компоненти на форматот.
Дали вашето национално тело за стандардизација има своја, независна правна анализа за точната природа на дозволата, за да потврди дали таа го опфаќа целиот спектар на сите можни имплементации на MS-OOXML?
На сите овие прашања треба да им се дадат одговори од страна на националните тела за стандардизација преку независни советници и експерти. Одговори особено не треба да даваат Мајкрософт и неговите бизнис партнери, затоа што со тоа би се јавил директен конфликт на интереси во однос на ова прашање.
Ако нема добар одговор на било кое од овие прашања, тогаш националното тело треба да гласа против во ISO/IEC.
[Оригиналниот текст http://fsfeurope.org/documents/msooxml-questions]