Yaourt
Yaourt е bash скрипта, интерфејс за Pacman кој има многу додатни корисни опции, yaourt е напишана од Julien MISCHKOWITZ
Опции
Инсталирање на пакети директно од AUR , градење на пакети од изворен код, обоена листа со пакети, управување со конфигурациски пакети, и известување за статусот на пакетот од AUR. Yaourt може да работи без root привилегии, ( Најбезбедно кога градите пакети од непознато потекло од AUR. Root лозинка ќе биде побарана само кога е потребно
Користење
КОРИСТЕЊЕ: yaourt [ОПЦИЈА...] <параметар> пример:
$ yaourt [regexp] : бара за даден збор (со *) и ви дозволува да го инсталирате $ yaourt -S [packagename]: го симнува пакетот од репозитарите, или од AUR доколку го нема во репозитарите $ yaourt -Ss [regexp] : пребарува во репозитарите и AUR за дадениот збор $ yaourt -Syu --aur : го надградува системот од репозитари и од пакетите од aur $ yaourt -Sybu --aur : го надградува системот и пакетите од aur создавајќи пакети од изворен код $ yaourt -Syu --devel : ги надградува сите пакети кои се во фаза на развој (од aur)
Опции: Опциите на yaourt се исти како опциите на pacman, затоа проверете го упатството на pacman. Додатни опции на yaourt се обележани со "*"
Генерално:
(-h, --help) Ја прикажува помошта (-V, --version) Ја кажува верзијата --noconfirm не прашува за потврда --tmp /where/you/want користи ја дадената папка за --lightbg користи бои за светла позадина --nocolor не користи бои
Инсталирање:
(-A, --add) <датотека> Додај пакет на системот (-S, --sync) <пакет> * симнува пакет од репозитар, или од AUR доколку го нема во репозитарите (-S, --sync) -b * го гради пакетот од изворен код (-S, --sync) -c, --clean ги остранува старите пакети од папката за кеш ( користи -cc за сите) (-S, --sync) -d, --nodeps ги прескокнува проверките за зависности (-S, --sync) -f, --force присилна инсталација, ги пребришува датотеките што прават проблем (-S, --sync) -g, --groups ги прикажува сите пакети кои припаѓаат на група на пакети (-S, --sync) -i, --info * прикажува информација за пакет ( или PKGBUILD од AUR ) (-S, --sync) -l, --list * ги прикажува сите пакети кои припаѓаат на одреден репозитар (-S, --sync) -p, --print-uris прикажува линк за симнување на секој пакет кој треба да се инсталира (-S, --sync) --export <destdir> * изнесува пакети од локален репозитар (-S, --sync) --ignore <пакет> прескокнува некои пакети (-U, --upgrade) <датотека> надградува пакет од <датотека> (<no option>) <датотека> * upgrade a package from <file> (-G, --getpkgbuild) <пакет> * Превзема PKGBUILD и локални извори за пакает --asdeps Инсталира пакети кои не треба експлицитно да се инсталираат како зависност
Надградба:
-S -u, --sysupgrade ги надградува сите пакети кои се застарени -S -u --aur * ги надградува сите пакети од aur -S -u --devel * ги надградува сите развојни cvs/svn/mercurial/git/bazar пакети -S -u -d, --nodeps не проверувај зависности -S -u -f, --force присилна инсталација, ги пребришува датотеките што прават проблем -S -u --ignore <pkg> прескокнува некои пакети -S -y, --refresh симнува свежи пакети од серверот
Напомена: yaourt секогаш прикажува нови сираци по надградба на пакети
Локално пребарување:
(-Q, --query) -e, ги прикажува пакетите кои се експлицитно инсталирани (-Q, --query) -d, ги прикажува пакетите кои се инсталирани како зависност на друг пакет (-Q, --query) -g, --groups ги прикажува сите членови на група на пакети (-Q, --query) -i, --info ја прикажува информацијата за пакет (користете -ii за повеќе) (-Q, --query) -l, --list ја прикажува содржината на дадениот пакет (-Q, --query) -o <збор> * пребарува кој пакет ја поседува дадената датотека или команда (-Q, --query) -p, --file pacman ќе пребарува низ датотеката на пакетот наместо да пребарува во базата со податоци (-Q, --query) -s, --search * пребарува низ локално инсталирани пакети (-Q, --query) -t * search for missed installed orphans
Одалечено пребарување:
(-S, --sync) -s [збор] * пребарува во репозитарите и во AUR за даден пакет <no option> [збор] * пребарува пакет + овозможува инсталација
-S -q --depends <пакет> * ги прикажува сите пакети кои зависат од <пакет> -S -q --conflicts <пакет> * ги прикажува сите пакети кои се во конфликт со <пакет> -S -q --provides <пакет> * ги прикажува сите пакети кои обезбедуваат <пакет>
Исчистi:
(-C, --clean) * ракува со .pacsave/.pacnew датотеки (-C, --clean) -c * ги брише .pacsave/.pacnew датотеките (-C, --clean) -d, --database * ја чисти базата со податоци (покажува неискористени репозитари) (-S, --sync) -c отстранува стари пакет од кеш (-S, --sync) -c -c ги отстранува сите пакети од кеш (-R, --remove) <пакет> отстранува пакети (-R, --remove) -c, --cascade отстранува пакети и сите други пакети кои зависат од тој пакет (-R, --remove) -d, --nodeps не проверува зависности (-R, --remove) -k, --dbonly го отстранува пакетот само од базата на податоци, не брише датотеки (-R, --remove) -n, --nosave ги брише и конфигурациските датотеки (-R, --remove) -s, --recursive ги остранува и зависностите (кои не се потребни од други пакети)
Напомена: yaourt секогаш прикажува нови сираци по надградба на пакети
Резерва:
(-B, --backup) [папка] * ја зачувува базата на податоци во дадената папка
Користење на yaourt како обичен корисник бара поставување на sudoers датотеката:
- pacman (остранување на пакет + освежување на базата на податоци + инсталирање на пакети од AUR) - pacdiffviewer (ракува со pacsave/pacnew датотеки
Инсталација
За брза инсталација внесете ги следниве команди
wget http://maki.lugola.net/stuff/misc/yaourt-0.8.12-1-i686.pkg.tar.gz su / внесете ја лозинката pacman -A yaourt-0.8.12-1-i686.pkg.tar.gz