Бизнис проблеми
Оваа страница е креирана од Игор, за сите оние кои законски или на било кој друг начин се приморани да употребуваат ваков софтвер кој не ги задоволува нивните потреби поради тоа што работи само на MS Windows, има потреба од ActiveX (http://en.wikipedia.org/wiki/ActiveX) или Capicom (http://en.wikipedia.org/wiki/CAPICOM) за дигитално потпишување а овие правни лица употребуваат слободен софтвер или GNU/Linux.
Што подразбирам под зла апликација?
Тоа е апликација која мора да ја употребувате исклучиво на оперативниот систем MS Windows чија најефтина лиценца чини 60 евра, а за која не пости апликација која е еквивалентна или барем ја постигнува истата цел но работи на Gnu/Linux или во Mozila Firefox а нема потреба од ActiveX или било која друга proprietary технологија.
Па ако имате вакви проблеми, знаете за луѓе кои имаат вакви проблеми, надополнете ја оваа листа на програми, потоа најверојатно би оделе до некоја од стопанските комори, па ако има доволно интерес, средства и волја можеби ќе се направи некој план за изнаоѓање на решение за правните лица кои во своето работење користат слободен софтвер и GNU/Linux.
Секои други идеи се добредојдени.
Проблем бр.1: ПИОМ
Софтверско решение на ПИОМ, изработено е во .NET 1.1 десктоп апликација, која користи capicom за дигитално потпишување на испратените податоци.
Дополнително употребува некоја друга контрола која најверојатно исто така не работи сo и на Linux.
Проблем бр.2: FX Client
Софтверско решение на Pexim.
Системски барања
Да пристапите на iBank сервисите потребен ви е Windows 98, Windows NT или Windows 2000 оперативен систем, Internet Explorer верзија 5 или погоре. Минимална конфигурација:
- Processor Pentium II 300mghz
- 64mb RAM Меморија
- 800*600 16bit Резолузија
- Internet Explorer 5.0 со 128bit енкрипција
- 24xCD читач или SmartCard читач
Резултати од проверката на Вашиот компјутер
undefinedundefined
-Платформа:UNIX
-MSDOM Верзија: 0.0
-Browser: Firefox2.0.0.13
-W3C DOM Верзија 1.0
-Вие прифаќате Cookies
-Вие прифаќате Java script version 1.4
-Треба да прифатите ActiveX Controls.
За да ги користите услугите на iBank системот потребно е да имате Дигитален сертификат односно дигитална лична карта, поради идентификација. На тој начин обезбедуваме механизам со кој се спречува откривање на содржината и измена на податоците.