Хаклаб/Проекти

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

GPXE мрежни карта

Мрежни карти со GPXE софтверот за мрежно бутирање. Мрежни карти со место за boot chip веќе имаме, но ќе ни требаат EEPROM-и. Може 27C256, 27C512 или 27C010 (256Kbit, 512Kbit и 1Mbit соодветно). Image-от ќе го генерираме на http://rom-o-matic.net/

LED дисплеј

LED дисплеј кој ќе го покажува најновиот статус од твитер. Arduino проект. Ќе ни требаат црвени диоди.. Многу. Можеби и hcf4094 serial-to-paralel шифтери.

Или пак да користиме повеќе AtMega чипови кои што ќе комуницираат меѓу себе. Со шифт регистри е многу полесно.

Робот

Некаков :) .. можеби за тепање

X300 на Ubuntu 10.04

Да ги проработиме ncomputing x300 мулти-терминал картиците на некое поново Ubuntu (идеално на 10.04 LTS)

Досегашен напредок :

Идејата е да се инсталира стар кернел (2.6.20-17-generic) на 10.04 и доколку е потребно и стара верзија на Xorg (108). Досега е пробано со стар кернел но прави пролеми udev-от (кој мислам дека е решен ?) како и ext4 фајл системот.

Систем за производство на печатени плочки

Сега за сега може со метода на трансфер на тонер, а може да се преправи некој печатач директно да печати на плочката (има варијанти и за инкџет и за ласерски). Може да се направи и со помош на ултравиолетово осветлување и со помош на спреј за развивање со кое се добиваат идеални плочки особено добри за SMD работа. Може потоа да се склепи и CNC (Computer-Number-Controlled) „бушалица“ за нивно „професионално“ бушење.