OLPC:Мисија
Повеќе од речиси две милијарди деца од земјите во развој добиваат несоодветно образование или воопшто не се образуваат. Едно од три пак, не го завршува ни петто одделение.
Индивидуалните и општествените последици на ваквата хронична светска криза се многу длабоки. Децата се изложени на сиромаштија и изолација, исто како и нивните родители, при што никогаш не дознаваат колку е значајно образованието во нивниот живот. Истовремено, нивните влади се борат да бидат во тек со светската информатичка економија, под притисок на ниската класа граѓани кои не можат да се издржуваат самите, а уште помалку да придонесуваат за државната заедница, поради тоа што ги немаат потребните алатки за таа цел.
Време да се размисли повторно за ваквото изедначување
Имајќи ги во предвид ресурсите што сиромашните земји можат да ги издвојат за образование, некогаш помалку од 20 долари по ученик на годишно ниво, во споредба со просечните 7500 долари по ученик потрошени во САД, дури ни двапати, па ни трипати поголема посветеност на образовните процеси, потпомогнати и од надворешни и приватни фондови, нема да биде доволна за да се постигне саканата цел. Освен тоа, искуството ни кажува дека растечкото зголемување на „веќе виденото“ градење училишта, ангажирањето на учители, купувањето на книги и опрема, е од големо значење но не и доволно за решавање на проблемот со донесувањето на вистинските можности за образование пред големиот број деца од земјите во развој.
Стоењето в место е всушност враќање наназад
Највредиот природен ресурс на секоја нација и земја се децата. Веруваме дека развиениот свет мора да повлијае врз овој ресурс со охрабрување на вродените капацитети на децата да учат, споделуваат и создаваат нивни трудови. Нашиот одговор за тој предизвик е лаптопот XO, машина за деца дизајнирана за „учење за учењето“.
XO ги сплотува теориите за градење, првично развиени од професорот од MIT Media Lab, Сејмор Паперт во 60тите години на минатиот век, а подоцна елаборирани од Ален Кеј, дополнети со принципите кои беа систематски разработени во книгата на Николас Негропонте, „Да се биде дигитален“ (Being Digital).
Екстензивно тестиран на теренот и проверен помеѓу најсиромашната популација на земјата, конструкционизмот го нагласува тоа што Papert го вика „learning learning“ како фундaментално образовно искуство. Компјутерот уникатно го присвојува „learning learning“ така што им дозволува на децата да „размислуваат за размислување“, на начини кои што би биле невозможни без лаптопот. Преку користење на XO-то како нивен прозорец кон светот и доста програмибилна алатка за истражување, децата во земјите во развој ќе се здобијат со можности за стекнување на неограничено знаење и ќе бидат отворени кон користење на својот креативен потенцијал за решавање на проблеми.
OLPC во суштина не е програма за развивање на технологија, ниту пак производ во било која конвенционална смисла на зборот. OLPC е непрофитна организација која што нуди средства од крај до крај чија цел е да им се овозможи на децата од најдалечните региони во светот да навлезат во својот потенцијал, да им се открие цел нов свет на идеи, и да се придонесе кон поздраво и попродуктивно општество во светот.
Се дотогаш, останете со нас.