Упатство:Вовед во Cron

Од Сподели wiki
Преработка од 14:32, 8 мај 2006; направена од Admin (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Cron

Cron е програма којашто овозможува автоматско извршување на команди, скрипти (група од команди) во точно определено време.

Како се стартува cron?

Cron е демон, што значи дека се стартува само еднаш за да потоа чека додека од него не биде побарано извршување на некое барање. Пример, веб серверот е демон, којшто чека барање за приказ на одредена веб страна. Cron демонот, или crond, e неактивен се до времето кое е специфицирано во еден од неговите конфигурациски датотеки - crontabs.

Во најголемиот број на гну/линукс дистрибуции, crond е автоматски инсталиран и е дел од почетните (start up) скрипти. За да видите дали е подигнат, внесете ја следнава наредба:

 [saso@marco saso]$ ps aux | grep crond
 root 1681 0.0 0.2 1944 508 ? S Dec15 0:00 crond
 saso 15034 0.0 0.2 4492 508 pts/26 S 14:17 0:00 grep crond

Првата линија покажува дека crond е подигнат, а втората линија е пребарувањето кое што го зададовме.

Ако не е подигнат, тоа може да се направи со crond. Процесот автоматски ќе се префрли за работа во позадина. Од сега па во иднина после рестартирање на компјутерот, crond ќе биде подигнат. Доколку не сакаме да го рестартираме, неопходно е извршување на crond со root привилегии.

 [saso@marco saso]$ crond

Најголемиот број на демони (пр.: httpd и syslogd) потребно е да бидат рестартирани по промена во нивните конфигурациски датотеки. Кај Cron тоа не е случај, промените автоматски се прифаќаат по внесувањето со crontab. Некои cron верзии вршат обнова на конфигурациските датотеки на секоја минута, некои бараат рестартирање. Во Fedora, RedHat и Suse дистрибуциите овие промени се приложуваат во моментот на нивното снимање.

Употреба на cron

Има неколку различни начини на употребата на cron. Во /etc директориумот може да се најдат следниве под директориуми именувани како:

'cron.hourly', 'cron.daily', 'cron.weekly' and 'cron.monthly'. Ако поставите скрипта во еден од овие директориуми, таа ќе биде извршена часовно, неделно или месечно, во зависност од директориумот во кој се наоѓа.

За поголема флексибилност, можно е уредување на /etc/crontab датотеката. Во Fedora и RadHat дистрибуциите crontab датотеката изгледа вака:

 [saso@marco /]$ cat /etc/crontab
 SHELL=/bin/bash
 PATH=/sbin:/bin:/usr/sbin:/usr/bin
 MAILTO=root
 HOME=/
 # run-parts
 01 * * * * root run-parts /etc/cron.hourly
 02 4 * * * root run-parts /etc/cron.daily
 12 4 * * 0 root run-parts /etc/cron.weekly
 22 4 1 * * root run-parts /etc/cron.monthly
 32 4 * * * root run-parts /etc/cron.rotate

Да го разгледаме вториот дел од датотеката. Секоја линија е сочинета од серија на повеќе полиња одделени со празно место.

Полињата се:

minute hour dom month dow user command

minute - Параметар кој ги контролира минутите во еден час. Вредноста е помеѓу 0 и 59;

hour - Контрола за часот во кој се извршува командата (24 часовен облик). Вредноста е помеѓу 0 и 23 (0 е полноќ);

dom - Ден во месецот. Вредноста е помеѓу 1 и 31;

month - Месец во годината. Вредноста е помеѓу 1 и 12 (претставено нумерички)или текстуално на англиски јазик со користење на првите три букви(Jan – Dec);

dow - Овој параметер означува ден во неделата. Вредноста е помеѓу 0 и 7. Денот недела се означува како 0 или 7 или текстуално на англиски јазик со користење на првите три букви од денот(Mon – Sun);

user - Името на корисникот со кое се извршува командата;

command - Ова е самата команда којашто сакаме да ја извршиме. Ова поле може да содржи повеќе наредби според правилот за извршување на наредби внесени во една линија;

Доколку не сакате некоја од овие променливи полиња да ги специфицирате, во тој случај ставете ѕвезда ‘*’.

На пример:

 01 * * * * root echo ”Hello”

Испис на зборот “Hello” секој час во 01 минута.

 17 20 * * * root date

Приказ на системското време секој ден во 20:17.

 00 4 * * 0 root rm –fr /tmp/*

Оваа команда (безусловно рекурзивно бришење на сите датотеки во /tmp/ директориумот) ќе биде извршена секоја недела во 4 часот наутро.

Кога двете полиња dom и dow се внесени, командата се извршува кога било кој од двата услова е исполнет.

Пример:

 * 12 16 * 1 root /scripts/backup-make

Условите во полињата налагаат извршување на оваа наредба секој понеделник и секој 16-ти на пладне. Истиот резултат би го добиле ако се употребат следниве две наредби:

 * 12 16 * * root /scripts/backup-make
 * 12 * * 1 root /scripts/backup-make

Самите параметри во полињата може да бидат и листа од параметри одделени со запирака, или интервал со користење на цртичка.

Пример:

 59 11 * * 1,2,3,4,5 root /scripts/proverka.sh

Ќе се изврши во 11:59 секој понеделник, вторник и среда. Истото би го добиле и со:

 59 11 * * 1-5 root /scripts/proverka.sh

Cron исто така подржува и употреба на 'step' варијабли.

Вредноста */2 во dom полето, значи дека командата ќе се извршува секој втор ден, а */5 во полето за минути овозможува извршување на секои пет минути.

Пример:

 * 12 10-16/2 * * root backup.sh

е исто со:

 * 12 10,12,14,16 * * root backup.sh
 */15 9-17 * * * root reset-adsl.test

Секои 15 минути помеѓу 9 и 15 часот.

Коментари се дозволени во crontab, но тие мора да започнат со '#';

Мултикориснички cron

Сите Unix базирани оперативни системи се мултикориснички. Cron е апликација која е поддржана од ваквите оперативни системи. Секој од корисниците може да имаат свој crontab којшто може да биде менуван, уредуван и избришан од корисникот. Crontab датотеките се наоѓаат најчесто во /var/spool/cron/ (RedHat, Fedora) или во /var/cron/tabs/ (SuSE).

За уредување (или креирање) на лична crontab датотека се користи командата, crontab -e

Личната crontab датотека го има потполно истиот облик како и основната /etc/crontab со исклучок на променливата MAILTO во првиот дел од датотеката која и не е неопходна за функционирање на crontab.

Во овој случај, кај мултикоричка употреба на crontab не е задолжителна употребата на корисничкото поле во crontab наредбите.

Доколку сакате можно е и уредување на crontab без употреба на crontab –e наредбата. Со уредувач на текст креираме датотека која со crontab наредба ја предаваме на crontab активната датотека. На пример доколку креираме датотека со име sasocron.test, неопходно е користење на:

 [saso@marco /]$ crontab sasocron.test

Други корисни наредби околу crontab се:

 [saso@marco /]$ crontab –l

преглед на моменталниот crontab, и

 [saso@marco /]$ crontab –r

за бришење на crontab.

Корисниците со root привилегии може да уредуваат туѓи crontab датотеки со употреба на:

 [saso@marco /]$ crontab -u

по што следи името на корисникот и соодветната команда -e, -l или -r.

Контрола на пристап до Cron

Cron има можност за ограничување на пристапот до crontab. Ова е овозможено со употреба на /etc/cron.allow и /etc/cron.deny датотеките. Овие датотеки работат на ист начин како и allow/deny датотеките кај другите демони (пр. httpd, squid). За да забраните одреден корисник да има пристап до crontab доволно е да се стави неговото име во cron.deny, за овозможување на употреба на crontab ставете го корисничкото име во cron.allow. Доколку сакате на сите корисници да им биде забрането користењето на crontab, внесете ALL во cron.deny датотеката:

 [root@marco etc]$ echo ALL >>/etc/cron.deny

Доколку сакате да овозможите корисникот saso да користи crontab, направете го следново:

 [root@marco etc]$ echo saso >>/etc/cron.allow

Доколку не постои cron.allow или cron.deny датотеката, тогаш употребата на crontab е дозволено за сите корисници.

Излезни параметри на Cron

Излезните параметри од cron се праѓаат како mail пораки до корисникот со кој е извршена комнадата, или до корисникот кој е посочен во MAILTO параметарот.

Но тоа не е единствен избор. Можно е креирање на логови, текстуални датотеки, коишто може во иднина да служат и како референца за анализа или преглед на успешно односно неуспешно извшување на командите посочени во цронтаб.

Доколку сакаме излезните параметри од cron да бидат пратени на емаил до некој корисник што не е дел од постоечкиот компјутерски систем можно е користење на целосни e-mail адреси.

Следи пример за двата случаи:

 0 16 * * 5 /scripts/vikend.sh | mail -s "VIKEND" saso

и

 0 16 * * 5 /scripts/vikend.sh | mail -s "VIKEND" sstojanovski@mt.net.mk

Доколку имате наредба која се извршува многу често и не сакате секојпат cron да дава излезна вредност за таа наредба може излезот да го насочите во /dev/null.

 0 0 1 * * /scripts/sinhroniziraj > dev/null

Редирекцијата на излезните параметри од командите во crontab се можни и во датотека:

 0 3 * * * /scripts/rotiraj-log >> log.file

Забележете ја употребата на двојниот “>“ знак, со цел да не дојде до пребришување на старата содржина во log.file датотеката.

Досегашните примери вршеа редирекција на стандарниот излез од crontab наредбите, но не и на стандарната грешка. За да се запише целосниот излез се користи “2>&1”

 0 3 * * * /scripts/rotiraj-log >> log.file 2>&1