ArchLinux локално огледало
Што?
Во Хаклаб имаме локално огледало за ArchLinux достапно интерно на http://brok.local/archlinux (или http://192.168.88.49/archlinux/ - ако не ви работи avahi)
За да го користите треба да се додаде
Server = http://192.168.88.49/archlinux/$repo/os/$arch
во /etc/pacman.d/mirrorlist
Затоа што не постои начин на pacman да му се рече да користи одреден mirror преку некоја env променлива или пак како аргумент, огледалото треба да се додава рачно во mirrorlist
Автоматизирање
За да се автоматизира активирањето на огледалото кога некој е поврзан на мрежата во хаклаб, може да се искористи оваа конфигурација :
Во /etc/pacman.d/ се креираат два фајлови, едниот mirrorlist.kika и другиот mirrorlist.normal. Во првиот се наоѓа локалното огледало активирано и на прво место (доколку се користат повеќе огледала), а во вториот се наоѓаат сите останати огледала кои ги користите надвор од хаклабот - без локалното огледало од хаклаб.
Во зависност на која мрежа сте конектирани, /etc/pacman.d/mirrorlist ќе се линка со соодветниот фајл.
Пример со WICD ова се постигнува со скрипта која што се повикува после конектирањето на мрежата /etc/wicd/scripts/postconnect, пример скрипта :
#!/bin/bash connection_type="$1" ESSID="$2" BSSID="$3" rm -f /etc/pacman.d/mirrorlist if [ "${connection_type}" == "wired" ]; then ln -s /etc/pacman.d/mirrorlist.normal /etc/pacman.d/mirrorlist else if [ "${BSSID}" == "54:E6:FC:D7:19:54" ]; then ln -s /etc/pacman.d/mirrorlist.kika /etc/pacman.d/mirrorlist else ln -s /etc/pacman.d/mirrorlist.normal /etc/pacman.d/mirrorlist fi f