Kopete
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Kopete е клиент за инстант пораки кој поддржува многу протоколи и кој е слободен софтвер. Иако може да работи на речиси сите работни околини, најдобро е интегриран во KDE околината, од која што е и дел. Според Често поставуваните прашања за Kopete, името доаѓа од Чилеанскиот збор Copete кој се однесува на алкохолни пијалоци.
Можности
- Групирани пораки во еден прозорец со многу ливчиња за префрлање на разговорите
- Опциите за сметки дозволуваат корисниците да се најавуваат со повеќе сметки
- Замена на имиња во листа на контакти
- Групирање на различни контакти како мета-податоци
- Известување за мета-контакти
- Интеграција со KAddressBook и KMail
- Бележник на развговори со поддршка за преглед на Историја
- Стилови на прозорец за разговор преку XSL и CSS
- Балонче за известување на пристигната порака
- Поддршка за видео разговори преку MSN и Yahoo! протоколи
- Проверка на правопис
Поддржани протоколи
Kopete дозволува корисниците да се поврзуваат преку овие протоколи:
- .NET сервисот за пораки (MSN)
- AOL инстант пораките (AIM)
- Gadu-Gadu
- GroupWise
- ICQ
- Internet Relay Chat (познат како IRC)
- Jabber (XMPP) / Google talk
- Lotus Sametime преку Meanwhile додатокот
- Novell GroupWise
- SMS
- Skype (преку Kopete Skype)
- Winpopup Windows' стара мрежа за инстант пораки
- Yahoo! Messenger