LaTeX

Од Сподели wiki
Преработка од 17:30, 29 јануари 2011; направена од Admin (разговор | придонеси) (3 ревизии: initial)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Логото на LaTeX

LaTeX е маркап јазик за документи и систем за подготовка на документи за TeX програмата за составување. Користењето на систем за подготовка се однесува на пишувањето на текстот во одредена датотека, кој откако ќе биде компајлиран ќе го прикаже документот како што корисникот сака. Така, името на LaTeX со негова синтакса може да се стилизира во слика која е прикладна за прикажување на корисникот

Често се користи од математичари, научници, филозофи, инжинери и професори во академии, како и во комерцијалните кругови, и од други како примарен или средно-прифатен формат (пр. преведување на DocBook и други XML базирани формати во PDF) поради квалитетот на составениот документ кој се добива со TeX. Нуди програмабилна средина за издавање на трудови, вклучувајќи голем број на табели и фигури, шаблони за страни и библиографии.

LaTeX има цел да овозможи јазик од повисоко ниво за пристап до моќта на TeX. Суштински LaTeX спојува повеќе TeX макроа и програма за процесирање на LaTeX документи. Со оглед на тоа што командите на TeX за форматирање се од многу ниско ниво, за крајните корисници е многу поедноставно да се користи LaTeX.

LaTeX оригинално е напишан во раните 1980-ти од Leslie Laport на SRI International и стана доминантен метод за употреба на TeX. Многу е мал бројот на тие што денес пишуваат чист TeX код. Тековната верзија на LaTeX е LaTeX2e. Исто како и TeX и LaTeX е слободен софтвер.

Надворешни врски