MSOOXML

Од Сподели wiki
Преработка од 17:44, 26 јуни 2007; направена од АрангелАнгов (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Шесте прашања за национална стандардизација [Исто така достапно и во PDF (англиска верзија) (28k)] Следниве шест прашања се поврзани со апликацијата на форматот ECMA/MS-OOXML кој што треба да биде прифатен како IEC/ISO стандард. Доколку телото за национална стандардизација дојде до логички одговори за сите прашања, тогаш ќе гласа НЕ во IEC/ISO и ќе побара Microsoft да го вклучи IEC/ISO во ISO/IEC 26300:2006 (Open Document Format). Ова е краток документ. Подетални информации се достапни онлајн. http://www.grokdoc.net/index.php/EOOXML_objections http://www.xmlopen.org/ooxml-wiki/index.php/DIS_29500_Comments http://www.noooxml.org/arguments 1.Независност од апликации? Ниеден стандард не треба да зависи од одреден тип на оперативен систем, околина или апликација. Независноста на апликациите и имплементацијата се едно од најважните својства на сите стандарди. Дали спецификацијата за MS-OOXML е слободна од референци до одредени производи на било кој производител и нивното специфично однесување? 2. Поддршка за непостоечки отворени стандарди? Секој пат кога е применливо и возможно, стандардите треба да се градат на претходни напори за стандардизација и да не зависат од неслободни технологии само од одредени производители. MS-OOXML занемарува разни стандарди, како што се MathML и SVG, кои што се препорачани од страна на W3C, и користи свои формати кои што се специфични само за еден производител. Ова додава дополнителен товар на сите производители за да мораат да го следат Microsoft по неговата неслободна инфраструктура изградена во последниве 20 години се со цел целосно да се имплементира форматот MS-OOXML. Останува прашањето како некоја трета страна би ги имплементирала добро како и Microsoft. Кои се предностите од прифаќањето на такви формати врзани за само еден производител на сметка на стандардизацијата во овие области? Како можат другите производители воопшто да бидат конкуретни, да понудат компатибилност и комплетна имплементација на сите платформи а да избегнат огромни, претерано скапи инвестиции?