Ogg

Од Сподели wiki
Преработка од 14:24, 24 мај 2007; направена од 62.162.76.88 (разговор)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ogg

Ogg е отворен стандард за слободен формати за мултимедија, кој не е забранет со софтверски патенти и е дизајниран за ефикасно стримување и манипулација. Форматот Ogg го одржува Xiph.Org фондацијата.

Името „Ogg“ се однесува на форматот за датотеки, кои што можат да бидат звук, видео и текст(преводи за филм) и користат слободни кодеци и кодеци со отворен код. Терминот Ogg најчесто се користи за аудио форматот на датотеки - Ogg Vorbis кој претставува Vorbis енкодиран звук во Ogg контејнерот. Други значајни Xiph кодеци кои исто така се енкапсулираат во Ogg се видео кодекот Theora, аудио форматот за компресиран говор - Speex. Поради тоа што форматот е слободен, разните кодеци на Ogg се вклучени во многу неслободни и слободни пуштачи на мултимедијална содржина, комерцијални или некомерцијални, како и во разни преносни уреди за мултимедија(медија плеери, итн).

Тековната верзија на имплементацијата на Xiph е издадена на 27 ноември 2005 е libogg 1.1.3. Постои друга верзија, libogg2, која исто така е достапна од SVN складиштата на Xiph. Двете софтверски библиотеки се слободен и софтвер со отворен код, издадени под BSD лиценцата.


Зошто да го употребувате Ogg?

Употребата на MP3 ограничена со патенти, а на Ogg Vorbis не е. За разлика од MP3, за Ogg Vorbis нема никакви цени за лиценцирање и не мора да се грижите за тоа дали ќе бидете тужени ако го користите без лиценца.

Тужбите за патенти можеби нема да влијаат директно врз вас, но тие помагаат во креирање на култура каде креативните и надарените индивидуалци не можат да развиваат мултимедијален софтвер без да се плашат од тужби. Користењето на Ogg на некој начин претставува поддршка за таквите индивидуалци во нивните напори и поддршка на слободната култура.