Ogg

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ogg е отворен стандард за слободен формати за мултимедија, кој не е забранет со софтверски патенти и е дизајниран за ефикасно стримување и манипулација. Форматот Ogg го одржува Xiph.Org фондацијата.

Името „Ogg“ се однесува на форматот за датотеки, кои што можат да бидат звук, видео и текст(преводи за филм) и користат слободни кодеци и кодеци со отворен код. Терминот Ogg најчесто се користи за аудио форматот на датотеки - Ogg Vorbis кој претставува Vorbis енкодиран звук во Ogg контејнерот. Други значајни Xiph кодеци кои исто така се енкапсулираат во Ogg се видео кодекот Theora, аудио форматот за компресиран говор - Speex. Поради тоа што форматот е слободен, разните кодеци на Ogg се вклучени во многу неслободни и слободни пуштачи на мултимедијална содржина, комерцијални или некомерцијални, како и во разни преносни уреди за мултимедија(медија плеери, итн).

Тековната верзија на имплементацијата на Xiph е издадена на 27 ноември 2005 е libogg 1.1.3. Постои друга верзија, libogg2, која исто така е достапна од SVN складиштата на Xiph. Двете софтверски библиотеки се слободен и софтвер со отворен код, издадени под BSD лиценцата.

Зошто да го употребувате Ogg?

Употребата на MP3 [ограничена со патенти], а на Ogg Vorbis не е. За разлика од MP3, за Ogg Vorbis нема никакви цени за лиценцирање и не мора да се грижите за тоа дали ќе бидете тужени ако го користите без лиценца.

Тужбите за патенти можеби нема да влијаат директно врз вас, но тие помагаат во креирање на култура каде креативните и надарените индивидуалци не можат да развиваат мултимедијален софтвер без да се плашат од тужби. Користењето на Ogg на некој начин претставува поддршка за таквите индивидуалци во нивните напори и поддршка на слободната култура.

Како да користам Ogg за аудио?

За да пристапите до Ogg стрим ви треба пуштач на мултимедија кој го разбира Ogg Vorbis форматот. Многу слободни пуштачи на мултимедија поддржуваат Ogg. Се препорачуваат VLC и mplayer. За да го инсталирате VLC следете ги упатствата дадени подолу.

Microsoft Windows XP

  • Симнете го VLC од овде.
  • Двапати кликнете ја VLC датотеката за да го инсталирате VLC. Кога ќе се појават опциите за инсталација, кликнете го и „Install Firefox Plugin“ за да можете да слушате стримувани медиуми во Ogg формат додека прелистувате.
  • Откако ќе заврши инсталацијата, рестартирајте го Firefox.
  • Можете да тестирате дали работи во ред во Firefox овде.

Ако гледате видео и слушате звук, значи работи.

Apple Mac OSX (верзиите 10.3.9 или 10.4)

  • Симнете го VLC од овде.
  • Сега, инсталирајте го приклучокот за Firefox:
    • За PowerPC Mac:
      • Симнете го VLC приклучокот овде.
    • За Intel Mac:
      • Симнете го VLC приклучокот овде.
    • Отворете ја датотеката и инсталирајте ја. Откако ќе заврши инсталацијата, рестартирајте го Firefox.
  • Можете да тестирате дали работи во ред во Firefox овде.

Ако гледате видео и слушате звук, значи работи.

GNU/Linux

Речиси сите GNU/Linux дистрибуции стандардно поддржуваат Ogg.

Врски

Xiph - авторите на Ogg

VLC - Мултимедијален софтвер

Wikipedia

Веб ресурси за Ogg