Како се организира едно сподели кино?

Од Сподели wiki
Преработка од 17:35, 29 јануари 2011; направена од Admin (разговор | придонеси) (4 ревизии: initial)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

За да се организира едно сподели кино потребни се следниве состојки:

  1. Зборувајте со луѓе, гледајте филмови, откријте нешто интерсно што може да се прикажува и што е во духот на СподелиКино (да е под слободна лиценца е еден од можните услови).
  2. Одредете го филмот со време. Луѓето треба да знаат што ќе се гледа. Пишувајте идеи на страницата: Предлог програма за СподелиКино.
  3. Кога ќе се знае кој филм точно ќе се гледа, напишете за тоа на http://spodeliznaenje.blogspot.com и на други места (на пр. http://kajmakot.softver.org.mk).
  4. Истите информации треба да се напишат на СподелиКалендар, и на календарите на on.net.mk и 365.com.mk.
  5. Известете ги луѓето од Точка за киното. Ова е посебно важно бидејќи можно е редовниот кино термин да е зафатен.
  6. Обезбедете проектор и друга опрема за реализирање на киното.
  7. Бидете во Точка половина час пред да дојде публиката за да имате време да ја наместите опремата и звукот.
  8. Пуштачот на филмови што го користите треба да биде подесен за да го прикажува следново лого на сподели. Еден таков пуштач е VLC. Spodeli logo.png