ОЈЛ

Од Сподели wiki
Преработка од 17:43, 29 март 2007; направена од Admin (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Општата јавна лиценца (ОЈЛ, GNU GPL или GPL) е нашироко употребуваната лиценца за слободен софтвер напишана од Richard Stallman за потребите на GNU проектот. Последната официјална верзија на лиценцата, верзија 2, излезе во 1991г. LGPL е модифицирана верзија на ОЈЛ, наменета за одредени софтверски библиотеки.

ОЈЛ на корисниците им гарантира слободи и права кои произлегуваат од дефиницијата за слободен софтвер и користи Copyleft филозофија за на корисниците да им овозможио полесно зачувување на тие права.

Според некои ОЈЛ е најпопуларната лиценца за слободен софтвер. До 2006г. ОЈЛ беше употребена за 41.962 софтверски проекти излистани на Freshmeat и [http:/www.sf.net Source Forge]. Слично на тоа, во анкета беше откриено дека RedHat Linux 7.1 ја користи оваа лиценца за 50% од софтверот што доаѓал со системот.

Историја

ОЈЛ е напишана од Richard Stallman за употреба со програми издадени како дел од GNU проектот. Базирана е на унификации за слични лиценци користени за верзиите на GNU Emacs, GNU Debugger-от и GNU колекцијата на компајлери. Овие лиценци содржеа слични точки како модерната ОЈЛ, но со специфични карактеристики за секоја програма, третирајќи ги како некомпатибилни и покрај тоа што се работи за иста лиценца. Целта на Stallman беше да се произведе една лиценца користена за било кој проект, со што ќе се овозможи да се споделува кодот од многу различни проекти.

Верзија 1

Првата верзија на ОЈЛ, издадена во Јануари 1989г., ги оневозможуваше тогашните два начини да производителите на софтвер стават рестрикции врз слободите што го прават софтверот слободен. Така се регулираше дистрибуцијата на бинарни и извршни датотеки од страна на некои дистрибутери, кои ставаа рестрикции во лиценците. Верзијата 1 велеше дека, ако дистрибуирате бинарни датотеки, мора да издадете изворен код достапен за јавноста исто така и кога дистрибуирате софтвер лиценциран под ОЈЛ, не смеете да ставете понатамошни рестрикции на лиценцата