Подесување на кирилична тастатура во X window system-от
Прв услов што мора да биде задоволен е исправно подесено [locale].
За самото активирање на македонската тастатура најзгодно е да се искористи програмот __setxkbmap__. Еве неколку примери:
македонска тастатура, десниот алт shift-ува во кирилица:
setxkbmap -layout mk
Во XFree86 4.3.0 има мали промени и командата за македонска тастатура е:
setxkbmap -layout 'us,mk' -option grp:switch
истото, но плус CTRL-SHIFT менува во кирилица додека не се притиснат пак:
setxkbmap -layout 'us,mk' -option grp:switch -option grp:ctrl_shift_toggle
истото, но со ALT-SHIFT:
setxkbmap -layout 'us,mk' -option grp:switch -option grp:alt_shift_toggle
Оваа е покомплицирана команда која: кога тастатурата е во кирилица свети scroll_lock диодата, menu копчето префрла во кирилица додека повторно не се стисне, левото win копче има иста функција како десниот алт, и десното win копче има [Compose] функција:
setxkbmap -layout 'us,mk' -option grp:switch -option grp_led:scroll -option grp:menu_toggle -option grp:lwin_switch -option compose:rwin
ги враќа подесувањата на default америчка тастатура:
setxkbmap -layout '____' -option '____'
Постојат многу други можности за __-option__ параметарот. Сите тие може да се видат при крајот на датотеката:/usr/X11R6/lib/X11/xkb/rules/xfree86. %%% %%% %%%