Calc

Од Сподели wiki
Преработка од 17:28, 29 јануари 2011; направена од Admin (разговор | придонеси) (1 ревизија: initial)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
OpenOffice.org Calc на македонски

OpenOffice.org Calc е компонента за табеларни пресметки на OpenOffice.org. Тука можете да внесувате податоци, најчесто нумерички и потоа да работите со нив за да одбиете одредени резултати.

Исто така можете да внесете податоци и потоа да ја употребите функцијата ‘What If...’ и со промена на некои од податоците да погледнете какви резултати ќе се добијат без одново да ја препишувате целата табеларна пресметка или лист.

Табеларни пресметки, листови и ќелии

Calc работи со елементи наречени табеларни пресметки. Табеларните пресметки се состојат од неколку посебни листови, а секој лист содржи блок ќелии подредени во редови и колони.

Овие ќелии ги содржат индивидуалните елементи, текст, броеви, формули и др., кои овозможуваат податоците да се прикажуваат и да се обработуваат.

Секоја табеларна пресметка може да има повеќе листови и секој лист може да има повеќе посебни ќелии. Секој лист во Calc може да има најмногу 65.536 редови и 245 колони (од A до IV). Со ова се одбиваат 16.056.320 посебни ќелии во еден лист.

Ново во 2.0: Бројот на редовите е зголемен во OpenOffice.org 2.0 во споредба со OpenOffice.org 1.x. во 1.0 имаше само 32.000 редови.

Поддршка за формати

OpenOffice.org Calc може да работи со повеќе формати како што се отворениот формат за табларни пресметки ods, Microsoft Office xls форматот итн.

Врски