Отворен формат за документи

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај
Полу-официјално лого на ОДФ

Отворениот формат за документи или ОДФ (ODF од OASIS Open Document Format) за канцелариски апликации, е формат на датотеки кој се користи за опишување на електронски документи како што се мемоари, извештаи, книги, табели, дијаграми, презентации и обработување на текст. Овие стандарди се развиени од техничкиот комитет на Организацијата за унапредување на стандардите за структуирани информации и се базираат на XML форматот првично направен и имплементиран во OpenOffice.org канцеларискиот пакет. ОДФ е OASIS стандард и е објавен како меѓународен ISO и IEC стандард рефериран како ISO/IEC 26300:2006.

Стандардот за ОДФ ги исполнува бараните дефиниции за отворен стандард, што значи дека спецификацијата за овој формат е слободна и достапна за секого со можност за целосно имплементирање.

Спецификации

Најчесто употребуваните екстензии за датотеки кои се користат за ОДФ се:

  • .odt за текстуални обработки
  • .ods за табели
  • .odp за презентации
  • .odg за графика
  • .odf за формули и математички равенки

ОДФ датотека може да биде секоја XML датотека која користи <office:document> како главен елемент или било која ZIP компресирана архива која содржи одреден број на датотеки и директориуми. ZIP базираниот формат е особено користен, со оглед на тоа што може да содржи бинарна содржина и компресијата значително ја намалува големината. Исто така овој формат може да ги раздели содржината, стиловите, мета-податоците и поставувањата за апликацијата во четири различни XML датотеки. Ова е добар пример за архитектура по принципот на разделување на содржината (Separation of concerns).

Постојат сеопфатни и различни примери на ОДФ документи кои се достапни како пакет или одделно лиценцирани под Creative Commons Attribution 2.5 лиценцата.

Стандардизација

Отворениот стандард за документи е развиен од Техничкиот комитет (ТК) на Организацијата за унапредување на стандардите за структуирани информации кој спаѓа во конзорциумот на OASIS. ОДФ-ТК има членови од различни компании и индивидуалци со исти права како и останатите. Процесот на стандардизирање вклучува многу од членовите на развивачките тимови на различни канцелариски пакети и слични групации за документи. Првиот официјален ОДФ-ТК состанок каде се дискутираше стандардот се одржа во 2002 на 16 декември. OASIS го одобри ОДФ како нивен стандард на 1 мај 2005. OASIS ги достави спецификациите за ОДФ на Техничкиот комитет при ISO/IEC на 16 ноември 2005, според правилата на Јавно достапните спецификации.

По шест месечен период на сеопфатно прегледување, на 3 мај 2006, ОДФ едногласно беше усвоен со гласање во наведените институции со опсежно присуство, по што спецификациите за Отворениот формат за документи беше "одобрен како ISO и IEC меѓународен стандард".

По одговорите на сите коментари поврзани со гласањето, ОДФ остана да биде издаден и од страна на ISO, што и официјално е направено на 30 ноември 2006г.

Италијанската организација за стандардизација UNI, го прифати форматот на 25 јануари, 2007г.

Понатамошната работа врз стандардизирањето на ОДФ вклучува:

  • Отворениот формат за документи 1.0 (второ издание) го има статусот на спецификација од комитетот при OASIS. Вклучува изменувања од уредници кои се поврзани со коментарите и предлозите за JTC1 гласањето и како таков го рефлектира одобрениот ISO/IEC 26300:2006 стандард, како и конечниот текст од уредникот од ISO/IEC задолжен за овој проект
  • Отворениот формат за документи 1.1 е одобрен од OASIS во 2006 на 19 октомври. Вклучува дополнителни можности кои се однесуваат на прашања поврзани со пристапноста
  • Спецификациите за Отворениот формат за документи за канцелариски апликации в1.1 беше одобрен како OASIS стандард на 1 февруари 2007 што дојде по повикот за гласање од 16 јануари 2007. Јавното соопштение е објавено на 13 февруари 2007
  • Отворениот формат за документи в1.2 моментално се пишува од страна на ТК-ОДФ. Ќе вклучува дополнителни можности за пристапност, подобрување на мета-податоците, спецификации за табеларни формули базирани на работата од Отворениот формат за формули (ОДФ 1.0 не нуди детални спецификации за табеларни формули, што остава многу аспекти дефинирани според имплементацијата) како и исправки за списокот на печатни грешки пријавени од јавноста. Првично ОДФ 1.2 се очекува за октомври 2007. Сепак, знаејќи дека многу од активностите поврзани со новата верзија ќе бидат завршени порано (пр. подкомитетот за формули се очекува да ја заврши својата работа во Декември 2006), групацијата се сложи да направи нов распоред на активности.

Поддршка за апликации

Софтвер

Голем број од постоечките апликации и програми (и слободни и неслободни) го поддржуваат Отворениот формат за документи. Три од нај проминентните канцелариски пакети кои го поддржуваат овој формат се OpenOffice.org, KOffice и двата пакети се слободен софтвер, како и StarOffice, неслободен софтвер.

Со оглед на тоа што постојат повеќе независни имплементации за ODF стандардот, секоја со различен степен на зрелост и целовитост, не е зачудувачка е потребата за тестирање на интероперабилноста. Организацијата OpenDocument Fellowship има направено неколку тестови и ги има оценето различните имплементации.

Фондацијата за ОДФ и други слични организации објавија развој на додатоци и филтри за поддршка на ОДФ во производите на Microsoft.

Иако Microsoft Office не поддржува ОДФ, компанијата иницирала проект за изработка на преведувач за Open XML со што треба да се направи технички мост помеѓу Open XML и Отворениот формат. Како резултат на овој проект, Microsoft го спонзорираше проектот за изработка додаток за Word со што ќе се овозможи вметнување на ОДФ документи што ќе биде лиценциран под BSD лиценцата. Проектот објави верзија 1.0 за Microsoft Word на софтверот во почетокот на 2007 и планира идни верзии за Microsoft Excel и Microsoft PowerPoint.

Пристапност

Спецификациите на ОДФ поминале под контрола за пристапноста, по што кон нив беа додадени уште неколку работи во верзијата 1.1 со цел зголемување на пристапноста. Многу од компонентите на кои овој формат е изграден, како Синхронизираниот мултиметијален јазик за интеграција и Скалабилната векторска графика, веќе поминале низ процесите на иницијативата за пристапност при конзорциумот на World Wide Web.

Лиценцирање

Спецификациите на отворениот формат се јавно достапни за симнување и употреба.

Клучниот придонесувач, Sun Microsystems неотповикливо со договор се сложи дека компанијата од имплементаторите на форматот нема да бара и да ги применува своите патенти од САД (или вон САД), за спречување на имплементацијата на Отворениот формат. Оваа изјава не е гаранција дека имплементациите на Отворениот формат за документи нема да повредат некои патенти или други носители на права на „интелтектуална сопственост“ од трет вид. Договорот е ограничен за верзии на ОДФ спецификациите врз кои работеше и Sun со што се здоби со одредени обврски.

Промоција

Работењето на OASIS вклучува и промоција за ОДФ преку Техничкиот комитет за прифаќање на ОДФ при OASIS.

Има комплет од икони за ОДФ кои може да се користат за сервиси и услуги кои го користат ОДФ форматот.

Канцелариските пакети OpenOffice.org и KOffice го унапредуваат користењето на ОДФ со тоа што го користат овој формат стандардно. Неколку групи и компании го поддржуваат ОДФ. На пр.:

  • Компании како Sun Microsystems, IBM, Novell постојано го унапредуваат и користењето на ОДФ, како и други компании кои можеби работат или воопшто немаат допир со Техничкиот комитет за прифаќање на ОДФ при OASIS.
  • ОДФ Алијансата е оформена во Март 2006г. од 35 нејзини членови. Во Јули 2006г. фондацијата имаше преку 280 членови.
  • Братството на ОДФ (The OpenDocument Fellowship) е формирано за поддршка и промоција на овие формати.
  • SpreadOpenDocument.org е прво јавно промовирање на ОДФ, во Август 2005г.
  • На 4 ноември 2005г. IBM и Sun Microsystems го свикаа „Самитот за отворениот формат за документи“ во Армонк, Њу Јорк, за да се продискутираат најдобрите можности за распространување на ОДФ. Овој самит спои многу претставници од неколку индустриски групи и технолошки компании, вклучувајќи ги Oracle, Google, Adobe, Novell, RedHat, Computer Associates, Corel, Nokia, Intel, and Linux e-mail company Scalix. Сите овие доставија ресурси за техничко подобрување на ОДФ преку постоечките тела за стандардизација и преку промоција на овој формат на пазарот, евентуално преку една единствена фондација.
  • ОДФ Фондација (The OpenDocument Foundation, Inc.) од САД, е невладина и непрофитна организација овластена да работи за интересите на јавноста преку промовирање и развој на ОДФ форматот на OASIS.
  • OIDI.org (Отворена иницијатива за интероперативност на документите) е оформена да ги охрабрува напорите на владите со бил кој степен на развој низ светот, да осигураат дека јавните документи се интероперабилни, со што се постигнува пристапност од сите граѓани/жители без потреба од специфичен набавувач на софтвер.

Прифаќање

Една од целите на отворените формати е да загарантираат долготрајност во пристапот на податоците без правни или технички ограничувања, и некои влади веќе увидоа дека отворените формати се од јавен интерес за сите. ОДФ треба да биде алтрнатива за сите неслободни формати, вклучувајќи ги често користените DOC, XLS и PPT формати од Microsoft Office и други апликации. Овие формати немаат спецификации достапни за секого, па така секој заинтересиран мора да испрати барање до Microsoft по што треба да се потпише договор. Microsoft го поддржува создавањето на додатоци за нивниот канцелариски пакет кој ќе дозволи употреба на ОДФ. ОДФ Фондација има направено сличен ваков додаток за MS Office.

Владите од Белгија и Комонвелтот на Масачусетс од САД го проучуваа овој формат за документи. Други влади исто така го земаат во предвид прифаќањето на овој формат. Во октомври 2006г., извештај од францускиот премиер Доминик де Вилепин, предложи сите владини документи да видат достапни за секого во ОДФ форматот.

Белгиската федерална администрација планира да ги замени сите документи во ОДФ формат до септември 2008г. Сите федерални администрации треба да бидат во можност да отвораат ОДФ документи една година порано.

Критика

Претставување на математичките формули

Некои математичари не мислат дека изборот на MathML W3C стандардот за употреба во ОДФ е добар избор. MathML е W3C препорака за „вклучување на математички формули на веб страни“ и при „комуникација на машина со машина“ кои постои уште од 1999г. Сепак, повеќето математичари продолжуваат да го користат, многу постариот TeX формат како главен метод за поставување на математички изрази. ОДФ исто така е критикуван поради тоа што не ги користи ISO 12083:1994 стандардите за математички формули, што е случај и со MathML. MathML има неколку проблеми со претставувањето на математички формули за разлика од други методи како што е TeX.

Опис на формули за табеларни пресметки

ОДФ ISO спецификациите не содржат дефиниран јазик за формули. Ова значи дека датотеките кои одговараат на ISO стандардите не мора да бидат компатибилни. OASIS работи на создавање стандарден јазик за форумули (Отворена формат за формули или OpenFormula) кој треба да излезе со ОДФ 1.2.

Користење на табели во презентации

ISO спецификациите на ОДФ не дозволуваат користење на табели во презентации. Ова е оставено за покасните верзии на ОДФ спецификациите, но не е вклучено во предадената верзија на ISO. Моментален предлог или решение е да се спојат табеларните пресметки (spreadsheet) со слајдовите во презентацијата, со што ќе се добие бараната функционалност.

Недостиг на стандарден макро/скриптен јазик

Различни апликации кои користат ОДФ како стандарден формат за документи, имаат различни начини за добивање на макро/скриптни можности. Нема макро-јазик дефиниран во спецификациите на ОДФ. Сеуште е дискутабилно дали воопшто треба да има или не.

Вградени Java аплети

Java аплетите се опишани како вградени објекти во ОДФ спецификациите. Тоа значи дека целосна имплементација би барала постоечка Java виртуелна машина во самата апликација. Сепак приспособувањето на стандардите не бара нивна целосна имплементација.

Forces excessive application specific namespace extensions

Принудува претерани дополнувања специфични за секоја апликација

Стандардот ОДФ е не доволно детален и тоа бара преголеми дополнувања кои се специфични за секоја апликација. Овие дополнувања не се секогаш интероперабилни помеѓу сите апликации кои поддржуваат ОДФ. The ODF standard is insufficiently detailed, requiring excessive application specific namespace extensions to record document features. These application specific namespace extensions are not necessarily interoperable between ODF compliant applications. [23]

Изјавата на Sun за ОДФ патенти

Изјавата на Sun за ОДФ патенти се однесува на идните верзии на ОДФ, само ако Sun земе учество во развојот на таа верзија. Ако Sun не учествува, тогаш гаранцијата дека може да примени било кој од своите обрзни патенти за САД или вон-САД нема да важи.will not apply.

Нема дигитален потпис од 1.1

Иако OpenOffice.org дозволува дигитални потписи и ги зачувува во ОДФ датотеки според XML-DSig, ОДФ од верзија 1.0 - 1.1, нема упатување за дигитални потписи. Дигиталниот потпис е специфичен за апликацијата, пр. OpenOffice.org и не е дел од стандардот на документот и други апликации кои го имплементираат ОДФ (пр. KOffice), не имплементираат дигитален потпис.

Сепак, ОДФ 1.2 ќе вклучува XML-DSig, исто како во OpenOffice.org. Така, ОДФ ќе има можност за дигитален потпис во KOffice 2.0.

Надворешни врски

  • anyofficesuite.org го застапува Отворениот формат за документи