ЧПП

Од Сподели wiki
Преработка од 17:25, 2 февруари 2007; направена од Admin (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Често поставуваните прашања се превземени од официјалната страна на групата.


Можете да ги прочитате и помошните документи на „Слободен софтвер Македонија“, со цел собирање на повеќе информации. Во продолженија следуваат прашањата и одговорите.

1. Што е GNU/Linux?

- GNU/Linux e оперативен систем создаден од поголема група на програмери ширум светот, а инициран првенствено од заеднички и по малку случајни идеи на Ричард Сталман (САД) и Линус Торвалдс (Финска). Овој оперативен систем е слободен, бесплатен и може да го користи секој, што има потреба од него, без никакво ограничување. Искусниот корисник може да си направи свој оперативен систем базиран на работата на GNU/Linux или само на поединечни елементи од него.

2. Што е Кернел?

- Овој поим има повеќе значења но во овој случај најбитно е значењето што го опишува како срж/срцевина на некоја работа. Во светот на компјутерите кернелот има главна улога кај оперативните систем. Тој е парчето софтвер што се грижи за распределбата на меморија, за контролата на процесите, за комуникацијата хардвер-софтвер и уште мал милион други работи.

3. Дали има разлика помеѓу GNU/Linux и Linux?

- Кратко одговорено ДА.

Во 1983 година, Ричард Сталман го започнува проектот за изработка на слободен оперативен систем, кој ќе биде лиценциран според лиценци што самиот проект ги носи. Проектот беше наречен GNU што значи GNU's Not Unix, а главната лиценца според кој софтверот ќе биде лиценциран е Општата Јавна Лиценца (мкд. ОЈЛ, анг. GPL - General Public License). Откако голем дел од програмерите вклучени во проектот ги завршија главните работи, се бараше сржта на оперативниот систем - кернелот. Во 1991 Линус Торвалдс во Хелсинки го создава Linux кернелот, исто слободен и бесплатен. Така GNU го прифаќа како кернел за својот оперативен систем и целото име на системот е GNU/Linux. Значи разликата е во тоа што GNU/Linux е име на оперативен систем, додека Linux е име на кернелот на овој оперативен систем. Сепак кога се вели Linux со цел скратување на целото име, глобално се мисли на оперативен систем (што впрочем е кернел), а името на оперативниот систем е GNU/Linux.

4. Што се GNU/Linux дистрибуции?

- Големи фирми кои ја искористиле слободата на направиле своја верзија на оперативен систем базиран на Linux кернелот, т.е. направиле свои дистрибуции. Така денеска постојат Мандрива Linux, Федора Linux, Слеквер Linux, Дебиан, Џенту и уште многу други дистрибуции. И вие можете да имате своја дистрибуција. Потребно да изберете како вашиот оперативен систем ќе биде структуиран, кои пакети ќе ги носи и по потреба да напишете дополнителни конфигурациони алатки.

5. Што е слободен софтвер, а што софтвер со отворен код?

- Доколку некој од вас ги прочитал документите што го опишуваат GNU проектот, сигурно ја забележал споредбата на „слободниот говор“ и „бесплатното пиво“. Слободниот софтвер не е прашање на цена. Тој треба да биде слободен, не значи дека ако јас го дадам својот код за одредена цена, тој не е слободен. Од друга страна не значи дека ако јас ја дадам програмата со изворниот код, но лиценциран според друга постоечка лиценца, мојот софтвер е слободен, лиценцата може да ги забрани сите права на сопственикот за „слободно однесување“ кон изворниот код, тогаш тој е софтвер со отворен код, но не слободен. Споредбата на говорот и пивото се базира на целата филозофија на Слободниот софтвер. Сигурно би ви било позначајно да можете слободно да се изразувате и да не ве затвораат за секоја јавна критика, отколку да седите во некое кафуле и пиете бесплатно пиво. Така и со софтверот.

6. Каде да се обратам за помош при работа со слободен софтвер?

- Најпрво пребарајте ги основните извори за помош, Google, Wikipedia и сл. Следно може да се обратите кај на нашата е-пошта info AT lugola.net и како најпрепорачлив метод е посетување на нашите редовни состаноци на групата.

7. Каде ги одржувате редовните состаноци?

- Населба Кланица, зграда 12 стан број 7. Доколку сакате да не посетите, а не можете да се снајдите, може да се обратите кај нас преку телефон 075434260 (Александар) и 075664564 (Виктор).

8. Колку членови има во групата и колку ги посетуваат состаноците?

- Точниот број на официјално зачленети корисници е 53. Таа бројка варира и сметаме дека одредени членови и корисници на GNU/Linux не сакаат да истапуваат во јавност со својата определеност да користат слободен софтвер, па бројката би одела до 50.

На состаноци во просек присуствуваат по 15 членови.

9. Дали има официјално поддржана дистрибуција од Лугола?

- Не

10. Кои дистрибуции може да ги најдам во Лугола?

- Сите актуелни и најнови дистрибуции редовно ги набавуваме преку редовните извори, такашто речиси и да нема дистрибуција која не можете да ја добиете преку нашата група.

11. Како можам да заработувам од слободен софтвер?

- слободниот софтвер не е прашање на цена туку на слобода. Тоа е јасно декларирано во целата филозофија на GNU проектот. Многу фирми ги искористија предностите на слободниот софтвер па направија капитал со кој им прарираат на останатите компаниски гиганти. Чист пример за компанија која целосно преминала на употреба на слободен софтвер и заработување од него е Novell, а фирма гигант која го поддржува во секоја смисла слободниот софтвер е Google.

Вие може да заработувате од слободниот софтвер. Чист пример би било добро спакувана дистрибуција со јасно напишано упатство за употреба, на која Вие би одредиле логична цена за продажба. Се работи за работна рака, труд и начин на поддршка за давање на понатамошни услуги од областа на слободниот софтвер.

Помошни врски кои мора да се прочитаат доколку овие работи не ви се јасни:

http://www.gnu.org/philosophy/selling.html

http://www.eweek.com/article2/0,1895,1836385,00.asp

12. Зошто би се зачленил во Лугола?

- Бидејќи сме многу јаки !