Едно лето/ЕрлангБот
Име на Проект
Erlang-Irc-Bot
Опис
[1] настана како проект преку кој почнав да го учам Erlang, па си зададов цел да направам нешто што би било корисно за заедницата. Од тогаш ботот веќе долго време активно се користи за потребите на irc каналите: #lugola, #razmjenavjestina, #ubuntu-mk на irc серверот на freenode.
Ботот има едноставна архитектура во чиј центар е конечен автомат (finite state machine) која ја контролира комуникацијата, а сите функционалности се реализирани во додатоци (plugin-и). Голем број од plugin-ите се направени наједноставно како концептуален доказ, така да им недостасува полирање и поправање на разни бубачки.
Задача на студентот ќе биде да се поправат сите регистрирани грешки и барања за функционалност на: http://github.com/gdamjan/erlang-irc-bot/issues
Понатаму може да се продолжи и со други идеи.
Ментори
Дамјан Георгиевски <gdamjan@gmail.com>
Потребни предзнања
Основи на програмирање. Студентите кои ќе се пријават за проектот ќе добијат краток вовед во Erlang и неговата OTP библиотека на функции преку конкретни примери од самиот софтвер. Ќе добијат и вовед за irc протоколот.
Технологии со кој ќе се запознаат програмерите
Erlang/OTP, fsm, IRC протокол... работа со системот за верзионирање git кој ќе ни ја олесни работата на заеднички проект