Хаклаб/Мрежа

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

Упатство за фер користење на мрежата во хаклабот

Хаклабот располага со интернет достапен за сите, но за да остане корисен за сите што им треба, ова се неколку кратки совети, упаства и правила за користење.

Wifi

Wifi мрежата е заштитена со лозинка (WPA-PSK) се додека не имплементираме поелегантно решение за отворена мрежа која не би се злоупотребувала (интернетот сепак ни е ограничен ресурс). Името на мрежата (ESSID) е KIKA. Лозинката ја пишува во Хаклабот.

IRC комуникација

Многу често ресурсите за кои се дискутира во хаклабот се копираат на IRC за да не се памтат, кажуваат и сл.

За таа цел го користиме IRC каналот #lugola на серверот irc.freenode.org.

Попознати irc програми се Konversation, Xchat, Pidgin и други, а ако немаш irc клиент можеш да го користиш и web пристапот до каналот.

IRC каналот се логира на http://irclogger.softver.org.mk/lugola/.


Debian & Ubuntu & Arch updates

За да се заштеди на симињање на истите работи од интернет во хаклабот имаме прокси за Ubuntu/Debian/Archlinux репозиторијата. За да го користиш проксито, употребувај ги следниве команди:

$ sudo -i
# export http_proxy=http://192.168.88.49:3142
# apt-get update
# apt-get upgrade

Ако некој пред тебе го надградувал, тебе ќе ти биде ептен брзо, ако некој после тебе надградува, нему ќе му биде брзо. А хаклабот ќе заштеди на правење непотребен сообраќај.

За update-manager може да се намести прокси со едитирање на /etc/apt/apt.conf

Acquire::http::Proxy "http://192.168.88.49:3142";

Мрежно boot-ирање

Мрежата во хаклабот е оспособена за мрежно бутирање (PXE). Ако го подесиш твојот компјутер да се подигнува од мрежа, ќе добиеш мени со можност да избереш меѓу:

  • Ubuntu 9.10 Live
  • Ubuntu 9.10 Netbook remix Live
  • Debian 5.0 installer
  • Ubuntu 9.10 installer
  • Memtest86+ V2.11
  • RIP-Linux 32-bit kernel
  • GParted Live

IPv6

Мрежата во Хаклабот овозможува да се сурфа на ipv6 интернетот.

Кога ќе се врзеш на мрежата во Кика ќе добиеш ipv6 адреса од рангот: 2001:5c0:1507:2500::1/64

Провери со:

$ ip addr | grep 2001
    inet6 2001:5c0:1507:2500:xxx:yyy:zzz:www/64 scope global dynamic 

Или во browser отвори го http://ipv6.softver.org.mk/


Squid

Посебна страница за Squid-от во хаклаб Хаклаб/Squid.

Avahi/Zeroconf/Bonjour

Fileserver

Посебна страница за Хаклаб/Fileserver

Jukebox

Посебна страница за џубоксот во Хаклаб Хаклаб/Мрежа/Jukebox

Информации за мрежата

Twitter

Статусот на хаклабот може да се види и на Twitter преку хеш таг #skopjehacklab и бидејќи сега има кирилични хеш-тагови и #хаклаб.