Gentoo - локализација

Од Сподели wiki
Преработка од 18:31, 3 февруари 2007; направена од Admin (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Овде се опишува начин на добивање локализирана Gentoo работна околина, KDE или GNOME, како и поставувања на стандарден јазик за системот. Исто така можете да ја прегледате и содржината UTF-8.

Вклучување на UTF (unicode) поддршка

За употреба на unicode поддршка под Gentoo најпрво е потребно во /etc/rc.conf кај променливата UNICODE да одговорите со "yes"

 UNICODE="yes"

Потоа во /etc/conf.d/keymaps треба да назначите мапа со карактери која поддржува unicode, а за македонски потребна е "mk-utf" значи ова го внесувате во променливата KEYMAP:

 KEYMAP="mk-utf"

Исто така пожелно е и во /etc/make.conf во променливате USE да се додаде unicode така што сите апликации кои ќе ги инсталирате ќе имаат unicode поддршка. пр:

 USE="kde qt GNOME gtk alsa cdr unicode"


Локализирање на Gentoo

За да го локализирате Gentoo на македонски потребни се неколку пакети и малку плеткање низ конфигурационите датотеки на Gentoo. Прво што треба да направите е да го дефинирате македоснкото locale. Тоа можете да го извршите со следнава наредба:

 localedef -c -i mk_MK -f UTF-8 mk_MK.UTF-8

Второ што вие е потребно е пакетот glibc. Доколку го имате инсталирано но не сте ги поставиле наредниве променливи не дигајте прашина, ќе се реши. Во овој чекор ја користиме датотеката /etc/locales.build Оваа датотека креира locale за сите наведени јазици во датотеката кога glibc ќе се инсталира. Употребата е следнава locale/charset. Овие можни две променливи можете да ги видите во /usr/share/i18n/locales и во /usr/share/i18n/charmaps. За Македонски јазик потребно е следново mk_MK/UTF-8 значи ова го внесувате во /etc/locales.build:

 echo "mk_MK/UTF-8" >> /etc/locales.build

Сега треба да му кажеме на glibc да го користи тоа што е внесено во /etc/locales.build а тоа го изведуваме со следнава наредба:

 echo "sys-libs/glibc userlocales" >> /etc/portage/package.use

Како последен чекор е поставувањето на локалето. Некој повеќе сака неговото locale е да променето за само некој одреден корисник. Доколку ова е случајот тогаш во домашниот директориум на корисникот во .bashrc внесете го следново:

 export LC_ALL="mk_MK.UTF-8"

или пак само во конзола извршете го ова:

 echo "LC_ALL="mk_MK.UTF-8"" >> ~/.bashrc

Но, доколку сакате locale-то да го промените за целиот систем потребно е да го извршите следново:

 echo "LC_ALL="mk_MK.UTF-8"" >> /etc/env.d/02locale

Локализација на графичките околини

GNOME

Во принцип, горе наведените постапки веќе го локализираат GNOME така да нема потреба од додатни поставувања.

KDE

За разлика од GNOME, за да го локализирате KDE најпрво е потребно да ги преземете преводите на KDE. Во датотеката /etc/make.conf потребно е да го внесете следново:

 LINGUAS="mk"

Со ова ние всушност кажуваме дека ни се потребно преводите за KDE на Македонски јазик. За да ги инсталираме преводите на KDE ја извршуваме следнава команда:

 emerge kde-i18n

Со претходно внесената линија во /etc/make.conf сега emerge знае за кој јазик да ги преземе и инсталира преводите. Откако ќе завршите со инсталирање на преводите го отворате Контролниот Центар: Control Center -> Regional and Accessibility -> Country/Region and Language -> Add language -> Macedonian, и ги прифаќате поставувањата. За да имаат ефект поставувањата, се одјавувате од KDE и повторно се најавувате. Сега вашата KDE работна површина е на Македонски јазик.


 НАПОМЕНА: Овој начин на поставување не е во сите дистрибуции ист. Ова се однесува само на Gentoo Linux.