За заедницата

Од Сподели wiki
Преработка од 11:13, 25 јуни 2007; направена од 62.162.221.164 (разговор)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Правила за заедничарење

  1. Заедницата е на сите кои се чувствуваат како дел од неа и некако придонесуваат за остварување на идејата која сите ги води. Никогаш немој да си замислуваш дека ти имаш повеќе право на заедницата од некој друг.
  1. Никогаш не смееш да морализираш како ти за нешто правиш повеќе, а некој друг не го прави истото. Ти си одбрал тоа да го правиш и треба да си достоен на својот избор, ако некој не го избрал истото, тоа е негово право.
  1. Никогаш не смееш да се претставуваш како повистински дел од заедницата според твои сопствени критериуми, кои повеќе го вреднуваат она што ти го правиш.
  1. Не си ти тој што треба да каже дали некој е достоен или не да се нарече дел од заедницата. Ова не е религија и ти не си поп за да анатемисуваш. Во заедницата нема поголеми и помали членови.
  1. Никогаш немој да велиш дека нешто го правиш од љубов, а потоа да бараш одобрување и благодарност од другите. Ако го правиш од љубов, благодарност и глорификација нема да ти се потребни, а со тоа автоматски и ќе ги добиеш.