Интероперабилност

Од Сподели wiki
Преработка од 01:38, 20 мај 2007; направена од Admin (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Од Википедија, слободна енциклопедија

Интероперабилност е термин што означува поврзување на луѓе, податоци и разновидни системи. Терминот може да биде дефиниран во технички контекст или пошироко, земајќи предвид општествени, политички и организациони фактори.

Дефиниција

Институтот за инжинери по електроника и електротехника (ИЕЕЕ) ја дефинира интероперабилноста како:

   способност на два или повеќе системи или компоненти да разменуваат информации и да ги користат информациите кои што биле разменети.

Телекомуникации

Кај телекомуникациите, терминот може да се дефинира како:

  1. Способноста на системи, единици или сили да обезбедат услуги за и да прифатат услуги од други системи, единици или сили и да ги користат разменетите услуги со цел да се овозможи заедничка ефективна работа.
  2. Состојбата постигната помеѓу комуникациски-електронски системи или делови од команикациско-електронска опрема при која може директно и задоволително да се разменуваат информации или услуги помеѓу нив и/или нивните корисници. Степенот на интероперабилност треба да се дефинира во однос на специфични случаи.

Кај двонасочно радио, интероперабилноста е составена од три димезии:

  • Компатибилни комуникациски патеки (компатибилни фреквенции, опрема и испраќач на сигнали),
  • Покриеност со радио- сигнал или соодветна јачина на сигналот, и;
  • Скалабилен капацитет.