Слободен софтвер

Од Сподели wiki
Преработка од 18:49, 2 февруари 2007; направена од Admin (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај

Многумина се запрашале што е слободен софтвер и веднаш го поистоветиле слободниот софтвер со бесплатност и муфтаџилок. Иако тоа не е строго правило најчест број случаи тоа и е така. Впрочем ако некој го окарактеризира својот софтвер како слободен и го стави под слободна лиценца GPL тогаш тој е приморан да го даде најважниот дел од своето дело слободно, а со тоа и бесплатно. Тука доаѓа забуна. Замислете ја оваа ситуација, работите врз софтвер и го лиценцирате како слободен. Но покрај тоа вие ги нудите и следниве неколку работи:

  • помошна обемна документација за конфигурирање испечатена во фино дизајниран буклет;
  • лепенки за ЦД и пакување кое на софтверот ќе му ја крене цената;
  • администрација и одржување на проектот ако некој го побара тоа од вас;

За сите овие работи да ги задоволите и некој да ги добие вие може да наплатите и тоа многу убаво. Цените за ваквите снаоѓања по светот се движат од доброволни прилози па се до над 100$ во зависност од тежината на проектот. Тоа не значи дека тоа веќе не е слободен софтвер иако за него се наплаќа.

Не треба да се мешаат баби и жаби. Слободниот софтвер нема голема поврзаност со плаќањето за него. Во англискиот јазик Free може да се однесува и на слободно и на бесплатно. Така Richard Stallman ја направи најпознатата паралела, Free as in freedom and free speach спроти Free as free beer. Тоа е, Слобода како во Слобода спроти бесплатност како бесплатно Пиво. Слободниот софтвер се однесува на првата споредба.

Маскотата на слободниот софтвер - GNU

4 слободи

Ако сте напреде корисник на слободен софтвер и проучувач на филозофијата што стои зад ова движење веројатно ги знаете 4 типови слободи што тоа ги опфаќа, ако не еве шанса да ги запознаете:

  1. Слобода да ја пуштате програмата, за било која цел (нулта слобода)
  2. Слобода да го проучувате работењето на програмата, и прилагодите за вашите потреби (прва слобода). Пристап до изворниот код е предуслов за ова.
  3. Слобода да редистрибуирате копии така што ќе му помогнете на вашиот комшија (втора слобода)
  4. Слобода да ја подобрувате програмата и да ги објавувате вашите подобрувања во јавност, така што целата заедница ќе има корист (трета слобода). Пристап до изворниот код е предуслов за ова.

Ако не ги почитувате овие слободи, а сакате да допринесете за развој на слободен софтвер, тогаш припаѓате во некоја друга заедница.

Заклучок

Слободниот софтвер е добар. Со слободниот софтвер може да се заштеди и средствата за нивна имплементација да се искористат за други намени. Конкретно, многу земји од светот го присвоиле моделот на слободен софтвер во нивната администрација. Многу фирми кои котираат високо по берзите го направија тоа исто така. Приклучете се на заедницата со што во краен случај ќе им помогнете на другите кои го сакаат слободниот софтвер.

Врски

Проектот GNU

Сопствена страна на Richard Stallman

Сопствена страна на Eric Raymond

Open Source Initiative