Kaffeine

Од Сподели wiki
Преработка од 18:16, 10 мај 2007; направена од 62.162.210.179 (разговор)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Kaffeine е напреден медиа плеер за KDE и униксоидни оперативни системи. Основно тој користи xine-lib за репродуцирање на мултимедиалните фајлови, но исто така има подршка и за MPlayer доколку е инсталиран, а од верзија 0.7 има и подршка за Gstreamer и со тоа ги подржува 3 најкористени мултимедијални системи за Linux. Поради тоа што ги подржува овие три системи, Kaffeine може да ги репродуцира сите мултимедиални фајлови, иако за сопственичките формати треба да се инсталираат додатни сопственички кодеци. Kaffeine спаѓа во додатниот пакет на апликации на kde, а последна стабилна верзија е 0.8.4.

Својства

  • Репродуцирање на мрежен пренос.
  • Репродукција на DVD, VCD и аудио дискови, како и енкодирање на аудио дискови.
  • Подршка за MPlayer, MPlayer и GStreamer.
  • Плејлиста со интегриран пребарувач.
  • Снимање на мрежен пренос.
  • Подршка за пренос од тв-картичка.
  • lirc подршка.


Надворешни линкови