MSOOXML: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ред 31: Ред 31:
За секој стандард најважо е било која страна да може да го имлементира без да има потреба за соработка со друга компанија, без да ѝ требаат дополнителни информации до кои нема пристап или законски договори или дополнителни плаќања. Исто така неопходно е да не се бара соработка со било кој конкурент за да се постигне целосна и споредлива интероперабилност.
За секој стандард најважо е било која страна да може да го имлементира без да има потреба за соработка со друга компанија, без да ѝ требаат дополнителни информации до кои нема пристап или законски договори или дополнителни плаќања. Исто така неопходно е да не се бара соработка со било кој конкурент за да се постигне целосна и споредлива интероперабилност.


'''Дали на основата на постоечката MS-OOXML спецификација секоја трета страна може, без разлика на нејзиниот бизнис модел, без пристап до дополнителни информации и без соработка со Microsoft, да имплементира целосна поддршка за постари верзии и префрлување на старите документи во MS-OOXML, кои ќе можат да се споредат со она што Microsoft може да го понуди?'''
'''Дали врз основа на постоечката MS-OOXML спецификација секоја трета страна може, без разлика на нејзиниот бизнис модел, без пристап до дополнителни информации и без соработка со Microsoft, да имплементира целосна поддршка за постари верзии и префрлување на старите документи во MS-OOXML, кои ќе можат да се споредат со она што Microsoft може да го понуди?'''


===Неслободни додатоци?===
===Неслободни додатоци?===

Преработка од 17:11, 27 јуни 2007

Шест прашања до националните тела за стандардизација

Исто така достапно и во PDF (англиска верзија) (28k)

Следниве шест прашања се поврзани со пријавувањето на форматот ECMA/MS-OOXML за стандард кој што треба да биде прифатен како IEC/ISO стандард. Ако телото за национална стандардизација нема убедливи и конечни одговори за сите овие прашања, тогаш треба да гласа против во IEC/ISO и ќе побара Microsoft да ја вклучи својата работа на MS-OOXML во ISO/IEC 26300:2006 (Отворен формат за документи).

Ова е краток документ. Повеќе информации може да се прочитаат на Интернет.

  1. http://www.grokdoc.net/index.php/EOOXML_objections
  2. http://www.xmlopen.org/ooxml-wiki/index.php/DIS_29500_Comments
  3. http://www.noooxml.org/arguments

Независност од софтверски апликации?

Ниту еден стандард не треба да зависи од одреден тип на оперативен систем, околина или апликација. Независноста на апликациите и имплементацијата се едно од најважните својства на сите стандарди.

Дали спецификацијата за MS-OOXML е ослободена од било какви референци кон одредени производи на било кој понудувач и нивното специфично однесување?

Поддршка за постоечки отворени стандарди?

Секој пат кога е применливо и возможно, стандардите треба да се градат врз претходни напори за стандардизација и да не зависат од неслободни технологии кои произведени одредени понудувачи.

MS-OOXML занемарува разни стандарди, како што се MathML и SVG, кои што се препораки на W3C и користи свои формати кои што се специфични само за еден производител. Ова додава дополнителен товар на сите понудувачи. Тие ќе мораат да го следат Microsoft во неговата неслободна инфраструктура изградена во последниве 20 години со цел целосно да се имплементира форматот MS-OOXML. Останува прашањето како воопшто некоја трета страна би го имплементирала MS-OOXML подеднакво добро како и Microsoft.

Каква корист има прифаќањето на формати кои зависат од само еден понудувач, кога тоа се прави на сметка на стандардизацијата во овие области? Како можат другите понудувачи воопшто да бидат конкуретни, да понудат компатибилност и комплетна имплементација на сите платформи, а да избегнат големи инвестиции кои што бариери за влез?

Поддршка за постари верзии за сите производители?

Наводно, една од главните предности на MS-OOXML е можноста за поддршка на постари верзии, како што е наведено во интернационалното соопштение за печатот на ECMA.

За секој стандард најважо е било која страна да може да го имлементира без да има потреба за соработка со друга компанија, без да ѝ требаат дополнителни информации до кои нема пристап или законски договори или дополнителни плаќања. Исто така неопходно е да не се бара соработка со било кој конкурент за да се постигне целосна и споредлива интероперабилност.

Дали врз основа на постоечката MS-OOXML спецификација секоја трета страна може, без разлика на нејзиниот бизнис модел, без пристап до дополнителни информации и без соработка со Microsoft, да имплементира целосна поддршка за постари верзии и префрлување на старите документи во MS-OOXML, кои ќе можат да се споредат со она што Microsoft може да го понуди?

Неслободни додатоци?

Неслободните додатоци за одделни апликации се позната техника која се користи особено од Microsoft за злоупотреба и засилување на монополот на десктоп компјутери во соседните пазари. Таа е техника која е јадрото на таквото злоупотребувачко дејство и беше главната причина во одлуката на Европската Комисија против Microsoft во 2004 и Microsoft до денес продолжува да одбива да ги издаде потребните информации за интероперабилност.

Поради таа причина јасно е дека отворените стандарди не треба да дозволат такви неслободни додатоци и дека таквите техники за изопачување на пазарот не треба да постојат во темелот на отворениот стандард.

Дали MS-OOXML дозволува неслободни додатоци? Дали имплементацијата на Microsoft на MS-OOXML е доверлива т.е. без недокументирани додатоци? Дали има заштита против такво злоупотребувачко однесување?

Двојни стандарди?

Целта на стандардизирањето е секогаш да се дојде до еден единствен стандард, бидејќи повеќе стандарди секогаш претставуваат пречка за конкуренцијата. Привидната конкуренција на стандардите е стратешка мерка за добивање контрола врз одредени сегменти од некој пазар, како што прикажуваат разните примери од минатото.

Веќе постои отворен стандард за канцелариски документи, имено Open Document Format(ODF) (ISO/IEC 26300:2006). И MS-OOXML и ODF се направени со XML технологија, значи ја користат истата базна технологија и значи поради тоа ги имаат истите теоретски можности. Microsoft е член на OASIS, организацијата во која беше развиен ODF стандардот и од која истиот е одржуван. Microsoft беше свесен од процесот и беше поканет да учествува.

Зошто Microsoft одби и сѐ уште одбива да учествува во досегашните напори за стандардизација? Зошто не ги доставува неговите технолошки предлози до OASIS за да бидат вклучени во ODF?

Правно безбедно?

Давањето слобода од правно гонење за имплементација на некој стандард на сите конкуренти е од суштинско значење. Тоа треба да биде јасно, веродостојно и доволно широко да ги опфати сите активности потребни за достигнување на целосна интероперабилност и да дозволи едно ниво на отворено поле за вистинска конкуренција.

MS-OOXML е придружен со невообичаено комплексни и нејасни „договори за спречување на тужење“, наместо вообичаените дозволи за патенти. Поради неговата комплексност, не разјаснува колкава заштита нуди од судско гонење поради компатибилноста која ја дава.

Една површна правна анализа покажува дека договорот за спречување од тужење не ги покрива сите додатни карактеристики и неслободни формати кои се клучни за целосно имплементирање на MS-OOXML. Значи, слободата за имплементирање од сите конкуренти не е загарантирана за целата обемност на MS-OOXML предложен од Microsoft и таа дури се става во прашање и за најглавните компоненти на форматот.

Дали вашето национално тело за стандардизација има своја, независна правна анализа за точната природа на дозволата за сертифицирање без разлика дали го опфаќа целиот спектар на сите можни имплементации на MS-OOXML?

На сите овие прашања треба да им бидат дадени договори од националните тела за стандардизација преку независни советници и експерти, а особено не од Microsoft и неговите бизнис партнери, со што би се јавил директен конфликт на интереси во однос на ова прашање.

Ако нема добар одговор на било кое од нив, тогаш националното тело не треба да гласа во ISO/IEC.

[Оригиналниот текст http://fsfeurope.org/documents/msooxml-questions]