Забуните околу слободниот софтвер

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Продавање на слободниот софтвер

Многу луѓе веруваат дека духот на ГНУ проектот е во тоа дека не треба да се плаќаат пари за дистрибуција на софтвер, или дека треба да се плака колку што е можно помалку - онолку колку што е потребно да се покријат трошоците.

Всушност ги охрабруваме луѓето кои редистрибуираат слободен софтвер да наплаќаат толку колку што сакаат или можат. Ако ова ве изненадува, читајте понатаму.

Зборот „слободен“ ('free') има две легитимни генерални значења; се однесува или на слобода или на цена. Кога зборуваме за „слободен софтвер“, ние зборуваме за слобода, не за цена. (Мислете на „слободен говор“, не „бесплатно пиво“.) Поточно тоа значи дека корисникот има слобода да ја користи програмата, да ја изменува програмата, и да ја редистрибуира со или без промени.

Слободните програми понекогаш се дистрибуираат гратис, а понекогаш за одредена цена. Често истата програма е достапна на двата начина од две различни места. Програмата е слободна, без разлика на цената, бидејки корисниците имаат слобода во нејзиното користење.

Неслободните програми вообичаено се продаваат по висока цена, но понекогаш можете да добиете копија бесплатно. Тоа не ја прави програмата слободен софтвер. Со или без цена, програмата е неслободна бидејки луѓето немаат слобода.

Бидејки слободата на софтверот не зависи од парите, пониска цена не го прави послободен или поблиску до слободен. Па така ако редистрибуирате копии на слободен софтвер, можете да наплатите и одредена сума пари и да заработите. Редистрибуирањето на слободен софтвер е добра и легитимна активност; ако ја правите, тогаш може и да профитирате од неа.

Слободниот софтвер е проект на заедницата, и секој кој зависи од него треба да бара начини за придонес во изградбата на заедницата. За еден дистрибутер нацинот да го направи ова е даде дел од профитот на Free Software Foundation или некој друг проект за развој на слободен софтвер. Со фондирање на развојот, светот на слободниот софтвер ќе напредува.

Дистрибуирањето на слободен софтвер е можност за прибирање фондови за развој на софтверот. Не ја прокоцкувајте!

За да придонесете со пари, треба да имате нешто вишок. Ако наплаќате прениско, ќе немате што да дадете за поддршка на развојот.

Дали повисока цена на дистрибуција ке им штети на некои корисници?

Луѓето често се грижат дека висока цена на дистрибуција ќе го одтргне слободниот софтвер од дофатот на луѓе кои немаат многу пари. Кај затворениот (proprietary) софтвер високата цена го прави токму тоа – но кај слободниот софвет се е разлицно.

Разликата е во тоа што слободниот софтвер има природна тенденција да се шири наоколу, и постојат многу начини истиот да се добие.

Корпорациите ќе дадат се од себе за да те спречат од користење на затворен софтвер без плакање на стандардната цена. Ако таа е висока, тогаш на некои корисници навистина ќе им биде тешко да ја користат програмата.

Кај слободниот софтвер корисниците не мора да ја платат цената на дистрибуцијата за да го користат софтверот. Можат да ја копираат програмата од пријател кој има копија, или со помош на пријател кој има пристап до интернет. Или повеќе корисници можат да се здружат заедно, да ја поделат цената на еден ЦД-РОМ, и потоа сите да го инсталираат софтверот. Високата цена на ЦД-РОМ не е голема пречка кога софтверот е слободен.

Дали повискота цена на дистрибуција ќе ја обесхрабри употребата на слободниот софтвер?

Уште една грижа за популарноста на слободниот софтвер. Луѓето мислат дека високите цени ќе го намалат бројот на корисници, или дека ниските цени ке го зголемат бројот.

Ова е вистина за затворениот софтвер - но слободниот софтвер е поинаков. Со толку многу начини да се дојде до копија, цената на дистрибуцијата има мал ефект на популарноста.

На долг рок, бројот на луѓето кои користат слободен софтвер ќе зависи најмногу од тоа колку многу може слободниот софтвер на направи и колку е лесен за употреба. Многу корисници ке продолжат да користат затворен софтвер, ако слободниот софтвер не може да ги направи сите работи кои тие сакаат да ги прават. Така ако сакаме да го зголемиме бројот на корисници, пред се ќе мораме да развиваме повеќе слободен софтвер.

Директниот начин за да се направи ова е да го пишувате потребниот слободен софтвер и прирачници. Но ако дистрибуирате, тогаш најдобар начин да помогнете е да приберете фондови за 'писателите'.

Терминот „продавање софтвер“ може да биде збунувачки.

Строго, „продавање“ значи размена на добра за пари. Продавање на копија слободна програма е легитимно, и ние го поддржуваме.

Меѓутоа, кога луѓето мислат за „продавање софтвер“, најчесто го замислуваат начинот на компаниите: правење на затворен, наместо слободен софтвер.

Така, освен ако не правите јасни дистинкции, на начин на кој тоа го прави овој текст, предлагаме да го избегнувате терминот „продавање софтвер“ и да изберете друг збор за тоа. На пример можете да речете 'дистрибуирање слободен софтвер за цена' - тоа е недвосмислено.

Високи или ниски цени и GNU GPL

Освен во една специјална ситуација, ГНУ Генералната јавна лиценца (GNU GPL) нема ограничувања за тоа колку можете да наплаќате за дистрибуирање на копии на слободен софтвер. Можете да наплаќате ништо, денар, сто денари или милион денари. Тоа зависи од вас и од пазарот, па така не ни се жалите нас ако никој не сака да плати милион долари за копија.

Исклучокот е ситуацијата кога бинарните фајлови се дистрибуираат без соодветниот целосен изворен код (source code). Оние кои го прават тоа се задолжени од GNU GPL да го дадат кодот на подоцнежно барање. Без ограничување на цената на кодот, тие можат да стават цена која е преголема за било кого - како милион денари (долари) - и со тоа да се преправаат дека го дале кодот, додека во суштина го кријат. Во вакви случаи мораме да ја ограничиме цената на кодот, за да ја осигураме слободата на корисниците. Најчесто нема потреба за ограницувања, па затоа и не ги правиме.

Понекогаш компаниите чии активности ги преминуваат линиите на она што GNU GPL дозволува, молат за дозвола велејќи дека 'нема да наплаќаат пари за ГНУ софтверот' или несто слично. Не постигнуваат ништо со ова. Слободниот софтвер е за слобода, и спроведувањето на GPL е бранење на слободата. Кога ја браниме слободата на корисниците, вниманието не ни бега на прашања за тоа колку треба да чини дистрибуирањето на софтверот. Слобода е прашањето, целото прашање и единственото прашање.


(1) http://www.gnu.org/philosophy/free-sw.html

(2) [Дел од говорот на Ричард Сталман на Њујоркшкиот универзитет во септември 2001 год]

(3) [Дел од говорот на Ричард Сталман на Кембриџ март 2002 год]

(4) http://www.gnu.org/philosophy/right-to-read.html

(5) http://www.gnu.org/philosophy/selling.html