За слободниот софтвер
Софтвер
Секако софтверот и не е едно од најважните прашања за нас овде во Македонија. Сепак, светските трендови, порано или подоцна ќе не погодат и нас. Под претпоставка дека како општество ќе мрднеме од местото во кое сме утапкани, само прашање на време е кога најновите микрософтови продукти нема да бидат достапни за минималните 100 денари.
Така, некое утро ќе се разбудиме и ке дознаеме дека буџетскиот дефицит се зголемил значително, како резултат на новото законодавство кое бара сите да користат лиценциран Микрософтов (и друг) софтвер. На поединечно ниво ова и не мора да биде некој потрес. Секој ќе се снаоѓа како знае, според своите способности и желбата да превземе ризик. Но, ова не важи за владата, фирмите, образовните институции...
Овој поглед кон еконосмката страна не е најважен. Но, тоа е моментот кога ова прашање (кај нас) ќе се актуелизира до максимум. Мораме да бидеме подготвени.
Слободен софтвер
Слободниот софтвер е готовото решение кое може без многу проблеми да се примени кога горенаведениот проблем ќе настане. Но не можеме да се надеваме дека на 'одговорните' од ведро небо на ум ќе им падне токму овој одговор. Затоа потребна е активност преку која луѓето ке се запознаат со слободниот софтвер како философија, концепт, алатка. Ова е еден таков обид.